fbpx
Таг: мост

таг: мост

Жена загина во тешка сообраќајна несреќа во Прилеп

Триесет и петгодишна жителка на селото Боротино го загубила животот во сообраќајна несреќа што ноќеска околу 1 часот се случила во Прилеп, на мостот на градската река, во близина на магацините на „Центропромет“, соопшти Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, возилото, марка „опел астра“, што го управувал сопругот на починатата, удрило и ја пробило металната ограда од десната страна на...

Четири лица повредени при експлозија во Истанбул

Најмалку четири лица се повредени доцна синоќа при експлозија во Истанбул, пишува турскиот весник „Милиет“. Повредените се хоспитализирани и ниту еден од нив не се наоѓа во критична состојба. Според весникот, експлозивната направа била поставена под мост во истанбулскиот кварт Малтепе. Безбедносните сили го блокирале мостот за движење веднаш по силната експлозија.

„Мост“: Нема услови за фер и демократски избори на 5 јуни

Поради голем број недоследности и прекршувања, а кои се игнорирани од ДИК, констатираме дека Владата и другите институции не успеаја да обезбедат услови за одржување на фер и веродостојни избори на 5 јуни, велат од граѓанската асоцијација „Мост“. Претседателот на „Мост“, Дарко Алексов, вели дека проверките на избирачкиот список не биле транспарентни, а тоа довело до нејасни резултати. - ДИК вложи многу...

„Мост“: Почнаа притисоците пред изборите

Граѓанската асоцијација „Мост“ од 17 февруари до 3 април забележала повеќе предизборни прекршоци. Имало подготвување на списоци на потенцијални гласачи на ВМРО-ДПМНЕ во администрацијата, непочитување на принципот на одвоеност на државата и на партијата при обраќање на државните функционери, употреба на државни возила за партиски цели, како и притисок врз вработените во администрацијата да посетуваат партиски настани на владејачката...

МОСТ бара измена на закони за скратување рокови за прочистување на Избирачкиот списк

Невладината МОСТ со цел забрзување на постапките за административната проверка на неконзистентните записи и за теренската проверка на втората група неконзистентни записи бара промена на Законот за живеалиште и престојувалиште, Законот за лична карта, Законот за општа управна постапка и Законот за управни спорови. „Согласно постоечките законски одредби, потребни се околу 20 дена за завршување на постапката за поништување на...

Се урна надвозник во Индија – 10 загинати и стотина исчезнати

Десет лица загина, а повеќе стотини се сметаат за исчезнати при уривање на надвозник во индискиот град Колката, јавија локалните власти. Надвозникот, на кој работните активности траат од 2009 година, се наоѓа во прометен дел од градот и се смета дека околу 150 лица се наоѓаат заробени под урнатините. Пожарникарите и граѓаните со голи раце се обидуваат да ги спасат заробените. -...

„Мост“: Нефункционалниот систем е причина за недоверба во избирачкиот список

Што и да направи Државната изборна комисија во овој период, нема да може да го прочисти списокот без соработка со другите институции надлежни за доставување податоци за избирачкиот список, сметаат од граѓанската асоцијација „Мост“. „Моменталната состојба е последица на немањето функционален систем со прецизни процедури и алоцирани одговорности, што остава можност за злоупотреби. За да добиеме веродостоен избирачки список, сите институции инволвирани...

„Мост“ ја повика ДИК да издаде прецизно упатство за пријавување сомнителни податоци

„Мост“ преку соопштение ја повика Државната изборна комисија да го прецизира правилникот за методологијата за целосен пристап, вршење промени и за бришење податоци во избирачкиот список, како и постапката за спроведување теренска проверка заради ажурирање за граѓаните да можат да ја разберат целата процедура. „Во овој правилник недостига упатство за начинот, како и неопходните документи што граѓаните треба да ги поднесат...

„Мост“: Нема услови за фер избори на 24 април

Нема услови за одржување на фер избори на 24 април годинава, изјави денеска на прес-конференција претседателот на граѓанската асоцијација „Мост“, Дарко Алексов на која беше презентиран извештајот од набљудувањето на предизборниот период од 1 ноември до 31 декември минатата година. - Ако во јануари задоцнувањето со процесот за прочистување на избирачкиот список беше 50 дена, сега тоа задоцнување на 87 дена....

Заклучокот од дебатата „Каков воздух ќе дише Скопје оваа зима?“ е – загаден!

И денешната дебата „Каков воздух ќе дише Скопје оваа зима?“ во организација на граѓанската асоцијација „Мост“ помина без наоѓање заеднички јазик помеѓу граѓаните и еколошките здруженија, кои предлагаа конкретни мерки за намалување на загаденоста од една страна, и надлежните институции кои ги оправдуваа мерките што досега ги презеле од друга. Александра Бујаровска од еколошкото здружение „Фронт 21/42“ вели дека информацијата за...

„Мост“ организира дебата „Каков воздух ќе дише Скопје оваа зима“

Граѓанската асоцијација „Мост“ во рамки на проектот „Мобилен парламент“, денеска во 12.30 часот во собрание на Град Скопје ќе организира дебата на тема „Каков воздух ќе дише Скопје оваа зима?“ Целта на настанот е преку директна комуникација со пратениците, претставници на Град Скопје, на општините, на Министерството за животна средина и просторно планирање и на претставници на невладиниот сектор да се...

Трибина на МОСТ за еколошките прашања во Струга

Во рамките на проектот „Мобилен парламент“, граѓанската асоцијација МОСТ, денеска во 18 часот, во хотелот „Дрим“ во Струга, организира јавна средба на тема „Пратениците и граѓаните отворено за еколошките прашања во Струга“. Проектот „Мобилен парламент“ е реализиран од граѓанската асоцијација МОСТ, а е поддржан од Европската унија (ЕУ), преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права. Целта е, како што соопштија...

Привремен сообраќаен режим на мостот Гоце Делчев

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ викендов ќе изведуваат градежни работи на мостот Гоце Делчев, на страната што води од стоковната куќа „Мост“ кон зградата на Владата. Поради тоа, на дел од булеварот Гоце Делчев и на мостот Гоце Делчев ќе се постави соодветна патна сигнализација и ќе се воведе привремен сообраќаен режим. Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот...

Гостивар со нови туристички понуди

Пешачка патека од Гостивар до Вруток во должина од 10 километри и патека за планински и за рекреативен туризам на Сува Гора и на Шар Планина, во должина од 75 километри, денеска беа промовирани во Гостивар. Двата проекти се реализирани преку Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, а во соработка со косовската општина Драгаш и со албанската Корча. - Овие...

„Мост“ бара отворени листи и забрана медиумите да финансираат политички кампањи

Отворени листи, законско решавање на сивите зони во финансирањето на кампањите на партиите и забрана за медиумите да бидат донатори на политичките кампањи се дел од препораките изнесени во работниот документ, што денеска го презентираше Граѓанската асоцијација „Мост“, која повеќе од 13 години како набљудувач ги следи изборите во земјава. - Препораките кои ги содржи овој документ се однесуваат само...

Алексов: Има време до избори, списокот може да се направи за неколку месеци

На вчерашниот состанок на работната група на политичките партии за спроведување на Договорот од Пржино, имаше идеја да се направи нов избирачки список, а граѓаните да се регистрираат со отпечаток од прст. На истиот тој начин треба да се спроведува и гласањето. Според Дарко Алексов, првиот човек на граѓанската организација „Мост“, идентификацијата на гласачите на гласачките места со отпечаток од прст...

Првиот состанок на работната група за Пржино – неформален и информативен

Околу два часа траел првиот состанок на работната група, составена од претставниците на четирите најголеми политички партии со експерти од ОБСЕ, на кој, како што пренесуваат медиумите, се разговарало за модалитетите и се изнесувале компаративни искуства во повеќе земји за тоа како да се прочисти избирачкиот список. Сепак, на средбата, која се одржа во седиштето на мисијата на ОБСЕ во...

Со европски пари ќе се гради нов мост во Гостивар

Со пари од европски фонд за развој на општинска инфраструктура, во Гостивар ќе се гради нов мост на реката Вардар. Со мостот ќе се поврзат два значајни дела на градот, со што ќе се ублажи сообраќајниот метеж во централното градско подрачје, а нормализиран сообраќај ќе добијат и жителите на градските населби Дутлок,  Фазанерија и Циглана, како и оние од...

„Мост“: До 17 часот на референдум излегле 34,55 отсто од гласачите

Според податоците добиени од ПВТ-програмата (паралелно пребројување на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 15 часот е 29,61 отсто, до 16 часот е 32,21 отсто, а до 17 часот е 34,55 проценти, соопштија од Граѓанската асоцијација „Мост“. Од невладината организација наведуваат дека забележани се нови неправилности на гласачките места. Според податоците на „Мост“, на гласачкото место 2.830 на улица Ѓуро...

„Мост“: 26,15 отсто од жителите на општина Центар гласале до 14 часот

Вкупно 26,15 отсто од жителите на општина Центар со право на глас излегле да се изјаснат на референдумот за изгледот на Градскиот трговски центар, соопшти Граѓанската асоцијација „Мост“. Набљудувачите на „Мост“ на теренот забележале нови неправилности на неколку на гласачки места. На гласачкото место 2.802 во ДСУ „Панче Караѓозов“, гласач ја затворил вратата од гласачкото место и не ги пуштал...

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...