Гостивар со нови туристички понуди

Пешачка патека од Гостивар до Вруток во должина од 10 километри и патека за планински и за рекреативен туризам на Сува Гора и на Шар Планина, во должина од 75 километри, денеска беа промовирани во Гостивар.

Двата проекти се реализирани преку Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, а во соработка со косовската општина Драгаш и со албанската Корча.

– Овие проекти имаа цел да ја подобрат меѓусебната соработка на општините, добрососедските односи, но и да ја зајакнат економијата на двете страни од границата – изјави министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани.

Министерот со гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта и со градоначалникот на косовската општина, Драгаш Јаромир Левичек, по повод реализацијата на проектите, се прошетаа по рекреативната пешачка патека.

Гостинот од Косово се надева дека во иднина општините Драгаш и Гостивар ќе бидат директно поврзани.

– Многу сум задоволен од реализацијата на активностите. Искрено се надевам дека во иднина ќе имаме пешачки патеки што ќе ги поврзуваат двата града, за зближување на граѓаните – изјави градоначлникот на Општина Драгаш, Јаромир Левичек.

Двата проекти чинат половина милион евра.