fbpx

„Мост“: 26,15 отсто од жителите на општина Центар гласале до 14 часот

-

Вкупно 26,15 отсто од жителите на општина Центар со право на глас излегле да се изјаснат на референдумот за изгледот на Градскиот трговски центар, соопшти Граѓанската асоцијација „Мост“.

Набљудувачите на „Мост“ на теренот забележале нови неправилности на неколку на гласачки места. На гласачкото место 2.802 во ДСУ „Панче Караѓозов“, гласач ја затворил вратата од гласачкото место и не ги пуштал останатите гласачи да гласаат откако не успеал да се пронајде во избирачкиот список. Тој барал да биде запишан во избирачкиот список. Инцидентот веднаш бил пријавен, па полицијата интервенирала, го отстранила од гласачкото место, по што гласањето продолжило.

Од „Мост“ соопштуваат дека на гласачкото место 2.837, претседателот на избирачкот одбор му помогнал на еден гласач да гласа, што е прекушување на изборните правилата, кои предвидуваат дека само друг гласач може да им помогне на лицата кои не можат да гласаат сами.

На шест гласачки места лоцирани во ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, според податоците на „Мост“, одредени граѓани не можеле да се пронајдат во избирачкиот список.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...