fbpx

Првиот состанок на работната група за Пржино – неформален и информативен

-

Околу два часа траел првиот состанок на работната група, составена од претставниците на четирите најголеми политички партии со експерти од ОБСЕ, на кој, како што пренесуваат медиумите, се разговарало за модалитетите и се изнесувале компаративни искуства во повеќе земји за тоа како да се прочисти избирачкиот список.

Сепак, на средбата, која се одржа во седиштето на мисијата на ОБСЕ во Скопје, и на која учествувале и претставници на невладините „Мост“ и „Цивил“, немало суштинска дискусија и дебата, ниту, пак, партиите ги изнеле своите позиции околу прашањето за избирачкиот список.

„Неформален, информативен состанок“, беше изјавата на безмалку сите учесници, кои по состанокот дадоа кратки изјави. Претставниците на владината коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не дадоа никаков коментар по средбата.

Како што јавува телевизијата „24 Вести“, активна регистрација на гласачи, проверка на избирачкиот список од врата на врата, идентификација со отпечаток од прст, биле дел од начините за прочистување на избирачкиот список, а кои биле споменати на денешниот состанок.

Посуштински предлози и отворање позиции на партиите се очекува в понеделник, за кога начелно е договорено работната група повторно да седне на маса и реално да почне со спроведување на Договорот од Пржино и со реализација на препораките од извештајот на Рајхард Прибе.

Првата средба на работната група беше закажана за понеделникот, 20 јули, но беше одложена бидејќи, како што соопшти заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, ВМРО-ДПМНЕ 30 минути пред почетокот решила да го откаже присуството на своите претставници. Од владејачката партија, пак, ја обвинијата опозицијата дека таа не се појавувала на поголем дел од закажаните состаноци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...