fbpx

„Мост“ бара отворени листи и забрана медиумите да финансираат политички кампањи

-

Отворени листи, законско решавање на сивите зони во финансирањето на кампањите на партиите и забрана за медиумите да бидат донатори на политичките кампањи се дел од препораките изнесени во работниот документ, што денеска го презентираше Граѓанската асоцијација „Мост“, која повеќе од 13 години како набљудувач ги следи изборите во земјава.

– Препораките кои ги содржи овој документ се однесуваат само на најважните аспекти од изборниот процес, како што се изборниот систем, гласањето во странство, Државната изборна комисија, Избирачкиот список, изборната кампања и нејзиното финансирање и заштитата на избирачкото право. Тие не претставуваат замена за препораките кои се содржани во извештаите на „Мост“ за досегашните избори, туку треба да се читаат комплементарно со нив. Дел од нив се предмет на преговорите помеѓу политичките партии, а дел од нив претставуваат долгогодишни заложби на „Мост“ за кои политичките партии треба да постигнат консензус – изјави извршниот директор на „Мост“, Дарко Алексов на денешната прес-конференција.

Според препораките на „Мост“, како што пренесува „Новатв“ потребно е да се разгледа можноста за воведување на модел на отворени листи, каде освен за политичкиот субјект ќе може да се гласа и за кандидатите од листата, со што гласачите ќе можат директно да влијаат на распоредот на кандидати на листата предложен од политичките партии.

Од Граѓанската асоцијација препорачуваат да се ревидира системот за гласање во странство и тоа да биде суспендирано за следните избори, а потоа да се отвори широка дебата за сите негови аспекти, со цел изнаоѓање на најсоодветните решенија.

Тие препорачуваат и да се изврши детална теренска проверка на податоците во Избирачкиот список, во согласност со заклучоците на Работната група за проверка на Избирачкиот список, потоа да се разгледаат алтернативни решенија за ажурирање и водење на Избирачкиот список, како на пример активна регистрација на гласачи и да се разгледа можноста тој да се направи подостапен за јавноста со соодветна заштита на личните податоци на граѓаните.

Во однос на финансирањето на изборната кампања од „Мост“ бараат да се предвиди рок во кој треба да се затворат финансиските сметки за изборната кампања затоа што, според невладината, непостоењето на ваков рок може да создаде проблеми при ревизијата на финансиските извештаи, како и да се преиспита можноста медиумите да даваат донации за политичките партии преку овозможување на попусти во платеното политичко рекламирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...