fbpx

Алексов: Има време до избори, списокот може да се направи за неколку месеци

-

На вчерашниот состанок на работната група на политичките партии за спроведување на Договорот од Пржино, имаше идеја да се направи нов избирачки список, а граѓаните да се регистрираат со отпечаток од прст. На истиот тој начин треба да се спроведува и гласањето.

Според Дарко Алексов, првиот човек на граѓанската организација „Мост“, идентификацијата на гласачите на гласачките места со отпечаток од прст е нова процедура, која е веќе предвидена во Изборниот законик и од 2019 година треба да се спроведува на сите избирачки места. Тој смета дека оваа идеја е добра бидејќи за разлика од досега, граѓаните сами ќе можат да се впишувааат во избирачкиот список и нема да има потреба тоа да го прави МВР или, пак, управата за водење на матичните книги. Алексов вели дека сè уште е рано да се прават какви било подготовки за изборите затоа што ова е фаза во која мора да се постават основи за подобрување на изборниот процес.

Зошто мислите дека предлогот, регистрацијата на гласачи да се врши со отпечаток од прст, е добра идеја?

– Најнапред мора да се направи дистинкција помеѓу регистрација за гласање и остварување на правото на глас. Имено, во моментов, гласачите се регистрираат во Избирачкиот список по автоматизам од надлежен орган, односно од МВР и/или управата за водење на матичните книги. Активната регистрација на гласачите со депонирање биометриски податоци, отпечаток од прст, е процедурата што би требало да го замени моменталното решение и би се спроведувала во периодот пред распишување на изборите. Што се однесува до употребата на мастилото, овој метод беше дел од процедурата на гласање, односно се користеше за обележување на гласачите на самите гласачки места во текот на остварувањето на правото на глас. Оваа одредба беше укината од Уставниот суд. Идентификацијата на гласачите на гласачките места со отпечаток од прст е, пак, сосема нова процедура, веќе предвидена во Изборниот законик, и од 2019 година треба да се спроведува на сите избирачки места.

Можете ли да ни кажете за временската рамка која би била потребна за да се спроведе овој предлог?

– Доколку овој процес се спроведува во сите општини (а препорачливо е да биде така за да бидат опфатени сите граѓани) и доколку се одвојат доволно ресурси (финансиски, технички и човечки), сметаме дека оваа операција би можела да се спроведе во разумен рок од неколку месеци. Потсетуваме дека ДИК има 34 канцеларии, кои функционираат во текот на целата година, а на последните избори беа отворени и дополнителни канцеларии во сите општини во Република Македонија.

Како би се спроведувало регистрирањето и гласањето ако се усвои вашиот предлог?

– Гласачите би се регистрирале, односно пријавувале за гласање во подрачните канцеларии и одделенија на ДИК. При регистрацијата, би се користел биометриски скенер на отпечатоци од прст за да се спречи двојна регистрација. Истиот овој скенер, како што кажавме претходно, ќе се користи и на гласачките места за идентификација на гласачите.

Дали веќе се подготвувате за изборите во април и сметате ли дека за овие избори (со оглед на тоа што се клучни за иднината на државата) ќе треба повеќе труд и работа, за разлика од претходните избори?

– Сè уште е рано за подготовки за изборите. Ова е фаза во која мора да се постават основи за подобрување на изборниот процес. Во однос на количеството на труд, за нас нема да има особена разлика, имајќи предвид дека досега сме имале предвремени избори закажани во рок од само 50 дена, или, пак, паралелно спроведување на два изборни процеси со различни рокови за спроведување на изборните активности. Методологијата според која работиме, се базира на меѓународни стандарди за набљудување кои не зависат од моменталниот политички контекст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...