Просечната нето-плата во мај изнесува 22.071 денар

Просечната месечна исплатена нето-плата во мај годинава, изнесува 22.071 денар, а просечната исплатена бруто-плата – 32.393 денари, објави Државниот завод за статистика.

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, изнесува 102,7.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите уметност, забава и рекреација (15,8 проценти), други услужни дејности (7,5 проценти) и дејности на здравствена и социјална заштита (5 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: стручни, научни и технички дејности (6,1 отсто), уметност, забава и рекреација (5,4 проценти) и информации и комуникации (5 проценти).

Во мај 2015 година, 1,6 отсто од вработените во Република Македонија не добиле плата.