fbpx
Таг: мост

таг: мост

Почна санацијата на мостовите оштетени од поплавите

Почнаа градежните активности за санација на шест моста што беа оштетени од поплавите. Четири мостови интензивно се санираат, а за два моста, кои претрпеа поголеми штети од поплавите, во тек е подготовка на проект за санација, информираше министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Саниран ќе биде мостот на реката Пчиња во село Долно Коњаре, за што Владата издвои 3,5 милиони денари. -...

Пожар на главниот мост во Варшава

Голем пожар изби вчеравечер на главниот мост во Варшава, мостот Лазјенковски, што предизвика метеж во сообраќајот во главниот полски град. Портпаролот на варшавската противпожарна служба, Михал Конопка, соопшти дека 40 единици неколку часа го гаснеле пожарот. Нема жртви, но пожарот предизвикал поголема материјална штета. Пожарот почнал во делот под мостот, на кој имало складирани штици, а потоа се проширил на целата...

Три реки се споија и однесоа мост кај Свети Николе

Водите од три реки се споија и го урнаа мостот на Светиниколска Река, кој ја поврзува населбата Ливадиште со Свети Николе. По уривањето на мостот, се создало свлечилиште, што се урнисало врз една куќа и ја поплавило. Дел од жителите од населбата превентивно ги евакуирале децата на сигурно. Градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев, изјави дека загрозени биле повеќе...

Вработени од РЕК, преку монтажен мост, пеш заминаа на работа

Невообичано беше патувањето денеска на вработените од првата смена во РЕК Битола откако е пресечан патот кој од градот води до комбинатот. Едни автобуси на РЕК Битола ги однесоа работниците до монтажниот мост, а други, пак, ги пречкаа од другата страна за да ги транспортираат до работните места. Под вода е целото поле околу комбинатот, манастирот „Пресвета Богородица“ и првите...

Ќе се урива Мостот на желбите во Охрид

Мостот наречен Желби, подарок од Велија Рамковски, ќе биде срушен и на негово место, државата ќе гради нов, по нова траса и нешто подоллг. Наместо од кај црквата „Св. Софија“, новата пешачка патека овојпат треба да тргне од градското пристаниште во Охрид и да стигне до плажата Потпеш и до населбата Канео. Според најавите, треба да биде изградена до...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...