fbpx

Три реки се споија и однесоа мост кај Свети Николе

-

Водите од три реки се споија и го урнаа мостот на Светиниколска Река, кој ја поврзува населбата Ливадиште со Свети Николе. По уривањето на мостот, се создало свлечилиште, што се урнисало врз една куќа и ја поплавило. Дел од жителите од населбата превентивно ги евакуирале децата на сигурно. Градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев, изјави дека загрозени биле повеќе од 250 куќи. Цела среќа што не се излеала брана Мавровица, од која, заради превенција од можното надоаѓање, Општината направила канал покрај населбата Ливадиште, за да се избегнат поплавите.

Тасев вели дека потегот се покажал како функционален и дека биле поучени од искуството пред две години, кога браната се излеа и ја поплавила населбата.

Урнатиот мост е стар дваесетина години и е врска на населбата со Свети Николе. Спасувачките екипи, кои цела ноќ го обезбедуваа теренот со насипи, и денеска остануват на терен.

Во штипска Лакавица жителите имаа бессона ноќ, по вчерашното предупредување за можни поплави по излеавањето на браната Мантово. Нема информации за штети.

Патот кон бугарска граница од селото Истибања кон Македонска Каменица сè уште е во прекин, откако цел рид се свлече врз асфалтот. Механизација на „Македонија пат“ од вчера ги исфрла земјата и огромните карпи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...