fbpx

Заклучокот од дебатата „Каков воздух ќе дише Скопје оваа зима?“ е – загаден!

-

И денешната дебата „Каков воздух ќе дише Скопје оваа зима?“ во организација на граѓанската асоцијација „Мост“ помина без наоѓање заеднички јазик помеѓу граѓаните и еколошките здруженија, кои предлагаа конкретни мерки за намалување на загаденоста од една страна, и надлежните институции кои ги оправдуваа мерките што досега ги презеле од друга.

Александра Бујаровска од еколошкото здружение „Фронт 21/42“ вели дека информацијата за енормната загаденост на воздухот секоја година е иста, надминатите параметри се исти, а институциите што треба да преземат конкретни мерки нигде ги нема.

Ана Чоловиќ-Лешоска од „Еко свест“ смета дека еден од проблемите е што институциите едни со други не соработуваат и си ја префрлаат топката за одговорноста.

– Треба да се преземат конкретни мерки, како зголемување на казните на градежните фрими, па дури и да им се одземат работните дозволи на тие што не ги исполнуваат стандардите. Исто така, треба да се субвенционираат и да им се помогне на сиромашните кои се греаат на пластика и на гуми – рече Чоловиќ-Лешоска.

Нема политичка волја да се прераспределат средства од буџетот на Македонија за подобрување на животната средина и за субвенционирање на алтернативни извори на енергија, смета пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ.

– Суштинскиот проблем е немањето доволно политичка волја и политичари со високо развиена еко-свест. Треба, конечно, да се усвои законот за зеленило, да се донесе закон за квалитет на почва, да се запре загадувањето од секој вид, да се спроведе ефикасен надзор, да се вложи во инспекторати и да се реши отпадот – предлага Поповска.

Љупчо Гроздановски од Министерството за животна средина и просторно планирање смета дека еден од главните приченители за зголемената загаденост се временските услови кои ги има градот Скопје. Од Град Скопје, пак, велат дека преземале низа мерки за решавање на проблемот со загадувањето.

– Прскавме со калциум магнезиум ацетат, воведовме инспекциски надзор во три смени, изрековме 73 казни од 200 евра за градежните фирми што не ги исполнуваат стандардите, воведовме посебен сообраќањен режим за товарни возила, набавивме 300 нови автобуси. Изминатите две години исековме 2.000 садници со дрва, но, од друга страна, засадивме 32.000 нови садници – вели Цветанка Икономова-Мартиновска од секторот за заштита на животната средина и природата на Град Скопје

Заклучоците од дебатата, граѓанската асоцијација „Мост“ ќе ги достави до сите пратеници во Собранието и до сите надлежни институции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...