fbpx

„Мост“: Нема услови за фер избори на 24 април

-

Нема услови за одржување на фер избори на 24 април годинава, изјави денеска на прес-конференција претседателот на граѓанската асоцијација „Мост“, Дарко Алексов на која беше презентиран извештајот од набљудувањето на предизборниот период од 1 ноември до 31 декември минатата година.

– Ако во јануари задоцнувањето со процесот за прочистување на избирачкиот список беше 50 дена, сега тоа задоцнување на 87 дена. Методологијата на прочистување на избирачкиот список има неколку фази и сите почнуваат со задоцнување – изјави Алексов.

Според извештајот на „Мост“, во најмалку четири општини вработените во администрацијата добиле инструкции да подготват списоци на потенцијални гласачи на ВМРО-ДПМНЕ.

– Укажуваме дека ваквата практика претставува прекршување на член 160 од Кривичниот законик (КЗ), повреда на слободата на определување на избирачите. Дополнително, во три општини е забележан притисок врз вработените во администрацијата да посетуваат партиски митинзи. Исто така, забележани се три случаи на вршење анкети на пензионери од страна на ВМРО-ДПМНЕ, при што во еден од случаите забележан е список со пензионери со лого од Министерството за труд и социјална политика – изјави Алексов.

Според анализата, Државната изборна комисија ја продолжува практиката дел од своите седници да ги одржува без присуство на медиумите и на јавноста.

– Напоменуваме дека сите процеси поврзани со имплементацијата на Договорот од Пржино мора да бидат максимално транспарентни. Недозволиво е ДИК својата работа да ја врши далеку од очите на јавноста, на т.н. работни состаноци, а институтот „официјална седница“ да биде шарада за јавноста на која членовите на ДИК само ги потврдуваат веќе донесените одлуки – рече Алексов.

Од „Мост“ ги набљудувале и промотивните настани организирани од државните и од јавните институции, при што е забележано дека претставници од сите политички партии во Владата за спроведување на изборите не го почитуваат принципот на одвоеност на државата и на партијата при обраќањето на овие настани, односно ги промовираат своите партиски програми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...