fbpx
Таг: министерство за здравство

таг: министерство за здравство

Сали, Чупи и Алити заминуваат од министерските позиции

Беким Сали, Адмирим Алити и Џемаил Чупи заминуваат од министерските позиции во Министерството за здравство, за информатичко општество и администрација, како и од министерската позиција без ресор за дијаспора. За разрешување на Сали гласаа 65 пратеници од присутни 105, без воздржани или против, додека за разрешување на Алити и Чупи имаше по 64 гласа „за“ и по еден „против“. Оваа...

Почина Благојче Илиевски, пациент со цистична фиброза – не го дочека лекот „Трикафта“

Благојче Илиевски, пациент со цистична фиброза почина денеска, соопштија од Асоцијацијата за цистична фиброза. Во нивната објава на Фејсбук пишува дека нивниот соборец, до последен здив верувал дека ќе ја дочека новата терапија со Трикафта. „Тоа беше надеж која заедно со него ја крепевме со последните атоми, стотина пациенти во државата, главно деца и млади со цистична фиброза. Заради ова,...

Владата првично ќе набави „Трикафта“ за 30 пациенти со цистична фиброза

Пациентите со цистична фиброза ќе го добијат лекот „Трикафта“, но тој ќе се набавува во неколку фази, соопштија денеска од Министерството за здравство. Ваквата реакција на надлежните власти доаѓа откако пациентите, меѓу кои најголем е бројот на млади лица, веќе протестираа на 26 декември минатата година. Тогаш тие кажаа дека сакаат да живеат, барајќи државата да им го набави...

Здравство во 2022 година: Годината мирна, болестите – хронични

Во здравството минатата 2022 година ја одбележаа низа случувања, од кои првиот беше промената на министрите уште во јануари. Така, наследник на Венко Филипче, кој го водеше ресорот четири години, стана Беким Сали од политичката партија Алтернатива. Во текот на целата година, како и неговиот претходник, Беким Сали мораше да се справува со пандемијата која сè уште е во тек....

Болните од цистична фиброза на протест пред Министерството за здравство побараа модуларна терапија

Пред Министерството за здравство напладне денеска се собраа болни од цистична фиброза за да побараат да им се дава новата, модуларна терапија трикафт, што за нив значи колку-толку пристоен живот и спас од смртта, но и да алармираат дека сега не добиваат терапија редовно и имаат многу проблеми со хоспитализацијата, јави Радио Слободна Европа. Во земјава со оваа болест живеат...

Пациентите со цистична фиброза утре на протест пред Министерството за здравство

Асоцијацијата за цистична фиброза најави дека утре во 11 часот и 55 минути ќе излезе на протест пред Министерството за здравство поради тоа што, како што велат, и покрај ветувањата што досега ги добиле од министерството, Фондот за здравствено осигурување и одделите каде се лекуваат пациентите, нема поместување во третманот на болеста кон подобро, а здравствената состојба на пациентите...

Нема јавна набавка за опрема за препознавање лица во училиштата и државните институции

Од Владата демантираат дека ниту Владата, ниту Министерството за внатрешни работи ниту Министерството за образование и наука во своите буџети не планирале набавка за опрема за препознавање лица во школи. Исто така, дојавите за бомби на ниеден начин не се во корелација со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. Со законските измени предложено е додавање...

Хаос со паркирањето во скопскиот Клинички центар, молк од надлежните власти

Сообраќајниот хаос во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје станува секојдневие за граѓаните кои се обидуваат да пронајдат паркинг место, а гужвите се и многу опасна ситуација за пациентите кои се доведуваат со брза помош и на кои им е итно потребна лекарска помош. Мета.мк веќе две недели се обидува да добие одговори за проблемот со паркирањето од ЈП...

Новиот клинички центар за три години исцица половина милион евра за дваесетина хонорарци

Вистиномер го проверуваше секое лице на чија сметка се слеале пари во последните три години од проектната единица за изградба на нов Клинички центар – сумите се движат од 5.500 до 90.000 денари месечно. Што точно работеле овие лица останува нејасно, бидејќи нема никаква најава за изградба на нов клинички центар во Скопје, а не беше направена ниту реконструкција...

И здравствените установи ќе штедат и ќе добијат повластена цена за струјата преку договори со ЕСМ продажба

Здравствените установи ќе штедат струја, но истовремено ќе мора грижата за пациентите да им биде врвен приоритет. Министерството за здравство информираше дека е направен план за рационализирање на трошоците во здравствените установи, а истовремено е донесена одлука тие да склучат договори за електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската. Како што информираат, досега 24 здравствени установи имаат...

Изведена првата трансплантација на црн дроб од починат донор во земјава

На Клиниката за дигестивна хирурија, денеска беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор, која е прва во историјата на македонскотo здравство, соопштија попладнево во Министерството за здравство (МЗ) на нивната фан-страница на Фејсбук. Станува збор за шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб, кој доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт, чие семејство...

Невладините реагираат: Државата догодина ќе скрати средства во 7 од 10 програми за здравствена заштита

И покрај значителното зголемување на државниот буџет планирано за 2023 година, здравствената заштита за превенција се намалува за дури една третина во споредба со претходните две години, а кратење има во дури 7 од 10 превентивни програми, алармираа денеска граѓанските организации ЕСЕ, Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари и Платформата на организации за заштита од ХИВ на...

Децата и трудниците кои боледуваат од дијабетес бесплатните сензори ќе ги добијат догодина

По поништувањето на претходниот тендер во јануари годинава, Министерството за здравство најавува дека идната година ќе бидат набавени сензори за мерење гликемија во крвта кои бесплатно ќе ги користат 700 деца и бремени жени кои примаат инсулин. Како што најави министерот за здравство Беким Сали во отворено писмо по повод Меѓународниот ден за борба против дијабетесот, 14 Ноември, значајна...

МЗ: Од 936 закажани термини месецов, само 390 жени отишле на мамографија

Во периодот од 1 до 10 овој месец, вкупно 963 жени закажале термин за мамографија во државата, а од нив терминот го искористиле вкупно 390 жени, додека пак, закажаниот термин не го искористиле вкупно 573 жени. Овие информации ги објави Министерството за здравство, од каде што потсетуваат дека од 1 ноември е продолжена националната скрининг програма за рано откривање...

Бројот на активни случаи на ковид-19 се намали на 247, најмногу има во Скопје

Без починати пациенти од ковид-19 и со поголем број на оздравени од новозаболени лица помина викендов зад нас, во однос на состојбата со ширењето на корона вирусот во земјава. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во периодот од 28.10 до 30.10.2022 година биле направени 819 тестови, а регистрирани се 71 нови случаи на...

Итно да се набават сензори за мерење гликемија за децата со дијабетес, бара асоцијацијата Баланс МК

Асоцијацијата за детски дијабетес во Македонија денеска испрати барање за средба со надлежните во Министерството за здравство, на која ќе побараат во најитен можен рок да се набават сензори за континуирано и безболно следење на гликозата за сите деца во државата со дијабетес тип 1, кои се зависни од инсулин. Како што е наведеново барањето, петта година по ред...

Од 68 нови случаи на ковид-19, 20 се реинфекции

Од направени 659 тестови за ковид-19 во последното деноноќие, 68 се позитивни, информира Министерството за здравство. Оттаму велат дека од вкупниот број позитивни лица, регистрирани се 20 реинфекции. Исто така евидентирани се и 40 оздравени пациенти. „Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Скопје (83г), починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица од...

Од 248 тестови за ковид-19, само 11 биле позитивни

Во последното деноноќие направени се 248 тестови за ковид-19, од кои само 11 биле позитивни, соопштуваат од Министерството за здравство. Деветмина од новите случаи се во Скопје, а во Прилеп и во Штип евидентиран е по еден случај. Од 11 нови случаи, има само една реинфекција. Регистрирани се 56 оздравени пациенти. „Во изминатите 24 часа нема регистрирани починати лица. Согласно Регистарот...

Евидентирани 50 нови ковид случаи, 13 се реинфекции

Од направени 523 тестови, позитивни на ковид-19 се 50, информира Министерството за здравство. Од вкупниот број позитивни лица, регистрирани се 13 реинфекции. Евидентирани се и 47 оздравени пациенти. Смртни случаи нема. Досега во земјата се направени вкупно 2.179.652 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.850, бројот на оздравени пациенти е...

Бројот на заболени од ковид се намали на 281, денеска 44 нови случаи

Во изминативе 24 часа се регистрирани 44 нови случаи на ковид-19, со што вкупниот број на активни случаи во земјава изнесува 281, информира Министерството за здравство согласно на податоците од Институтот за јавно здравје. Направени се 564 тестови, а регистрирани се 44 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во Скопје – 32. Од вкупниот број на позитивни случаи (44),...

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...