fbpx

Од 248 тестови за ковид-19, само 11 биле позитивни

-

Во последното деноноќие направени се 248 тестови за ковид-19, од кои само 11 биле позитивни, соопштуваат од Министерството за здравство.

Деветмина од новите случаи се во Скопје, а во Прилеп и во Штип евидентиран е по еден случај. Од 11 нови случаи, има само една реинфекција. Регистрирани се 56 оздравени пациенти.

„Во изминатите 24 часа нема регистрирани починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје, на возраст од 66 до 80 години“, соопштуваат во МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 2.180.622 тестирања, а вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 343.927, бројот на оздравени пациенти е 334.129, на починати е 9.561 а бројот на активни случаи изнесува 237.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...