fbpx
Таг: Миле Јанакиески

таг: Миле Јанакиески

Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков си поднесоа оставки

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, вечерва си поднела оставка на функцијата. Ова за „Мета“ го потврдија неофицијално извори од МВР. Оставката доаѓа по акцијата на безбедносните сили викендов во Куманово против, како што ја нарекоа од МВР, голема терористичка група, во која загинаа осуммина, а беа повредени повеќе од 30 полицајци. Оставка од Јанкулоска се бараше на протестите пред Владата, но тоа...

Ќе одговара ли Груевски за мобинг врз Јанакиески?

Во аудиоснимките што вчера ги објави Зоран Заев, се слуша како премиерот Никола Груевски го притиска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, да даде мислење за нешто за кое Јанакиески смета дека не е во ред да го направи и постојано се обидува да се извлече, па вели: Ама, претседателе не може. Ама, нема комисијата... Ама, глупости е тоа. Значи надвор од...проширување на...

Твитер-реакции: Спакувајте ги за да си одат

Според аудиоснимките што денеска ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, премиерот Груевски договарал проценти и провизии и правел незаконски упади во тендерски постапки. На социјалните мрежи се појавија серија коментари дека процентите, што според Заев, ги земал Груевски, се пари украдени од народот. Дел од твитерџиите го коментираат и делот од разговорот во кој Груевски вели дека доцни и...

Твитер-реакции на сарказмот на Груевски

На социјалната мрежа „Твитер“ се појавија многу реакции на саркастичното смеење на премиерот Никола Груевски, кој, на снимките што денеска ги презентираше Зоран Заев, отворено се радува за уривањето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски. На аудиоснимките може да се слушне како Груевски го имитира Цаноски кога овој го молел да не му го рушат објектот, што е проследено со...

Заев: Зелениот појас на Водно станал имот на фирма од Белизе

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, ја објави тринаесеттата „бомба“ на денешната прес-конференција во седиштето на СДСМ. Тој презентираше снимки од разговори на премиерот Никола Груевски и на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на една тема – парцелата на Водно за која премиерот кај министерот се интересира во неверојатни детали: Дали е зад линијата или под линијата? Ако не најдеме...

Јанакиески го тужи Шилегов за нарушување на честа и на угледот

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поднел тужба против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, поради тврдењата што Шилегов ги изнел на прес-конференција во врска со продажба на плацеви кај „Авто Македонија“. Ова за „Мета“ го потврди Шилегов, но не сакаше да коментира ништо за тужабата на Јанакиески. Министерот за транспорт и врски го тужи Шилегов за нарушување на честа и на...

Во шифри зборува тој што сака да сокрие нешто

„Во шифри се зборува кога се сака нешто да се сокрие“, вели за „Мета“ универзитетскиот професор Владимир Пивоваров, за начинот на комуникација на премиерот Никола Груевски, кој со „завиени“ реченици разговара со својот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, што може да се слушне на една од последните снимки што во неделата ги објави лидерот на опозицијата, Зоран...

Јанакиески, ако се суди според снимките, треба да заглави 24 години во затвор

Миле Јанакиески, според Кривичниот законик, би требало да биде осуден најмалку на 24 години затвор доколку се покаже дека аудиоснимките што ги презентираше Зоран Заев се веродостојни, доколку тие се предадат на јавен обвинител и би можеле да бидат употребени во транспарентна и независна судска постапка. Во неколку од вчерашните аудиоснимки, министерот за транспорт и врски, Јанакиески, во координација со други министри, функционери, директори...

Сите сочни изрази на Ставрески на едно место (+18)

Во аудиоснимките што вчера ги презентираше Зоран Заев, може да се чуе дека високи функционери на власта користат многу погрдни зборови и сочни пцовки за колегите сопартијци и за свои соработници. Така, на пример, еве што сè слушнавме од Зоран Ставрески во аудиоснимките со разговори од само 1 час и 45 минути:    За Никола Груевски: Ќе му го дадам (буџетот) нека крши глава. Ми...

Почна санацијата на мостовите оштетени од поплавите

Почнаа градежните активности за санација на шест моста што беа оштетени од поплавите. Четири мостови интензивно се санираат, а за два моста, кои претрпеа поголеми штети од поплавите, во тек е подготовка на проект за санација, информираше министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Саниран ќе биде мостот на реката Пчиња во село Долно Коњаре, за што Владата издвои 3,5 милиони денари. -...

Јанакиески: „Космос“ беше срушен законски

Снимките кои вчера ги презентраше Зоран Заев претставуваат монтиран процес на странски служби, кои Заев ги користи за свои цели и по секоја цена сака да дојде на власт, рече министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. - Заев со неговиот тим не само што сака на нелегитимен начин да дојде на власт, туку и самиот се доведува во дефанзива,...

СДСМ: Миле Јанакиески да му се извини на Фијат Цаноски за „Космос“

Најмалку што може да направи Миле Јанакиески по обелоденетиот скандал „Космос“, во кој тој е извршител на Груевски, е да им се извини на Фијат Цаноски и на граѓаните на Македонија и да замине од политичката сцена, велат од СДСМ. „Со тоа нема да ја смени вистината за „модерните волови“ и динамити со коишто учествувал во уништувањето на милионска инвестиција,...

Тандемот Груевски – Јанакиески ги минирал противниците

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одржа прес-конференција на која објави нови аудиоснимки од прислушувани разговори. - Братучедите Груевски и Мијалков имаат контрола врз сите институции. Се работи за спасување на Груевски и затоа почнува да ја лаже јавноста. Празни фрази за некакви клонирани комбиња, лажни материјали само за да се спаси. Се стави во функција на полициски портпарол и ја...

Заев: Никола Младенов бил најследениот новинар

Лидерот на СДСМ, Заев, објави аудиоснимка од разговор помеѓу Латас и директорот на УБК, Сашо Мијалков, во кој тие зборуваат за сопственикот на „А1“, Велија Рамковски. - Јас ви го средувам Велија на мој начин, вие така правите. Со два милиони евра поддршка и јас би направил телевизија - се слуша на снимката. Следниот разговор беше помеѓу директорот на МПМ, Срѓан Керим, со...

Јанакиески: Следната недела ќе се исплатат сите субвенции за лозарите

До крајот на следната недела ќе бидат исплатени сите субвенции за лозарите, изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој во Неготино, заедно со градоначалникот Ванчо Апостолов, симболично ги закрои винските лози. Јанакиески, на тиквешани им го честита празникот Свети Трифун, кој се смета за ден на лозарите и на винарите.

Миле Јанакиески ќе го раскине договорот со „Лудвиг Фајфер“

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на прес-конференција објави дека ќе го тужи портпаролот на СДСМ, Петар Шилегов, но и дека го раскинува договорот со германската фирма „Лудвиг Фајфер“, која е во куќата на Јанакиески, пренесе „Нова ТВ“. Пред три дена, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, објави дека седиштето на германската фирма „Лудвиг Фајфер“ е во куќа на министерот...

СДСМ: Кој ги чисти улиците од снег во Прилеп?

Директор на фирмата „Пела транс компани“, која неколку години по ред ги добива тендерите за одржување на улиците во Прилеп во зимски услови, е Бобан Синадиноски, близок роднина на министерот Миле Јанакиески, обвинува Миле Талевски, член на Советот на Општина Прилеп. - На интернет-страницата на електронскиот систем за јавни набавки, не можеме да најдеме објавен тендер за зимско одржување на улиците...

Сите патишта низ Македонија се проодни

По денешниот состанок на Координативното тело формирано за следење на состојбите со времето, министерот за транспот и врски, Миле Јанакиески, изјави дека сите магистрални и регионални патишта и автопати се проодни. Според Јанакиески, посебни екипи биле сконцентрирани на регионалниот пат кон Вевчани и патиштата до Вевчани се проодни, така што сите граѓани што сакаат да го посетат Вевчанскиот карневал, може слободно...

Шилегов: Владата на Груевски во четири очи им го дала бизнисот на кираџиите на Јанакиески?!

Официјални документи објавени на страницата на Европската Унија откриваат дека Владата на Груевки ѝ го дала бизнисот на германската фирма „Лудвиг Фајфер“, која е кираџија во куќата на минитерот Миле Јанакиески, во дректна спогодба, популарно наречена во четири очи, обвинува Петре Шилегов, портпарол на СДСМ. - Како штто стои во документите, на тендерот се јавиле дури четири заинтересирани фирми, но вицепремиерот...

СДСМ: Ставрески го дал милионскиот бизнис на фирмата во куќата на Јанакиески

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, вчера не само што го призна скандалот со странската фирма во неговата куќа, добитник на милионски бизнис од Владата, туку и го прошири скандалот во размери што ја тресат пошироко Владата на Никола Груевски, соопшти денеска на прес-конеференција Петре Шилегов од СДСМ. - Објавивме, и Јанакиески потврди, дека од сите можни локации и...

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...