fbpx

СДСМ: Миле Јанакиески да му се извини на Фијат Цаноски за „Космос“

-

Најмалку што може да направи Миле Јанакиески по обелоденетиот скандал „Космос“, во кој тој е извршител на Груевски, е да им се извини на Фијат Цаноски и на граѓаните на Македонија и да замине од политичката сцена, велат од СДСМ.

„Со тоа нема да ја смени вистината за „модерните волови“ и динамити со коишто учествувал во уништувањето на милионска инвестиција, на семејство, дека бил соучесник во газењето на правото, но ќе покаже минимум совест. Го охрабруваме Јанакиески да најде капацитет за тоа. Што се однесува до правдата, ќе дојде момент, ќе си го најде местото. Тогаш ќе се види кој го почитувал, а кој го изиграл законот“, се вели во соопштението од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...