fbpx

Во шифри зборува тој што сака да сокрие нешто

-

„Во шифри се зборува кога се сака нешто да се сокрие“, вели за „Мета“ универзитетскиот професор Владимир Пивоваров, за начинот на комуникација на премиерот Никола Груевски, кој со „завиени“ реченици разговара со својот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, што може да се слушне на една од последните снимки што во неделата ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

За професорот Пивоваров нема дилеми дека одговорот на прашањето, зошто премиерот би зборувал во „шифри“, како што вели самиот тој во дел од разгворот, произлегува од самиот контекст на разговорот, во кој предмет е земјиште на Водно.

– Тоа е она што е симптоматично во разговорот и говори дека станува збор за нешто незаконско и не сака некој друг да го слушне. Меѓутоа, и покрај тоа, сите го разбравме контекстот на разговорот – вели Пивоваров.

За ова прашање побаравме мислења од повеќе соговорници, но не сите сакаа да ја коментираат формата на која премиерот му дава насоки и задолженија на својот министер.

– Не би сакал да давам коментари на снимките. Не сакам тоа да го коментирам – ни рече актуелниот пратеник и поранешен министер за внатрешни работи, Павле Трајанов.

За коментар не беше расположена ниту поранешната претседателка на Агенцијата за спречување корупција, Слаѓана Тасева, која вели: „Не знам како тоа би се коментирало. Не можам да кажам ништо. Со премиерот не сум имала директна комуникација за да знам дали тоа е нешто вообичаено“.

Од друга страна, деканот на Факулетот за правни науки на универзитетот ФОН, кој е и поранешен офицер на ЈНА, Темелко Ристески, вели дека причината за „шифрираниот“ речник на премиерот лежи во самиот предмет на разговорот.

– Се плаши од самиот предмет на разговорот. Сите ние за наша несреќа мислиме дека некој нè прислушува, особено во оваа ситуација, кога се открива дека повеќе од 20.000 граѓани биле прислушувани, а посебно човек за кого постојат основи на сомневање дека работел и бил вмешан во такво нешто. Јас не го обивнувам дека тој стои зад прислушувањето, но има основи на сомнвање за тоа. И затоа и зборува во „шифри“, бидејќи и самиот знае што може да биде и дека разгворот може некој го слуша – вели професор Ристески.

Воздржаноста и „завиенот“ израз на мислите можеше да се насети и во дел од снимките што предходно ги објави опозицијата, но во конкрениот разговор, шифрираната форма е очигледна.

Инаку, како што пренесоа дел од медиумите, повикувајќи се на извори од истрагата за случајот „Пуч“, со криптирани пораки комуницирале и членовите на семејството Верушевски. Тие наместо букви користеле бројки напишани по одреден редослед, а клучот за декриптирање на содржината го пробиле експерти на МВР.

Премиерот Никола Груевски во добар дел од разгoворот со Миле Јанакиески, како што тврди опозицијата, користи чудни формулации:

– Го имаме записникот од она што одевме низ Центар и низ Аеродром и готов е Гордана Ивановиќ го има напраено.
– Значи, ти си одговорен за спроведување на договореното од комбето.
– И на таа старата да видиш што не е од тоа завршено, шо не е реализирано и тоа.
– Мада, па сега има избори, нема везе, шибај колку можеш, па ќе видиме. Втора работа. Ова ГУП-от помина, знаеш за што те прашувам
– Океј. Тоа ми беше втората точка. Ако можеме да го изгураме пред овакво, пред … овие да се распишат, знаеш.
– Ја, да ти кажам, не сум ни видел како е напраен тој ДУП. Пошто немаше време, само реков нека го распределат на поише парчиња, на колку парчиња го имаат распределно не знам, ја би го напраил на 20 парчиња пошто тоа е големо.
– Не, не, не, не, чекај, чекај, не за тоа, не за тоа. Тоа океј, за тоа у право си, ама за ова друго сеа ти зборам, нели ја ти кажав…
– Ја ти кажав дека у меѓувреме бркав друго. Тоа ми е исто хитно како и ова, дури похитно ми е тоа, знаеш. Тоа е многу поголемо. Тоа го начекав за џабалк, ти кажувам.
– Е, па, добро, Океј. Значи тоа новото е доста поголемо од старото.
– Ама нејќам по телефон да зборам зошто…
– Кога ќе дојде време, тој едикојси да си откупи само едно парче само… Не знам како да ти објаснам.
– Нема да му се зголемат… Мислам, формално може да се откупи толку, иначе ако се откупи 11, ќе се дигне џева, сфаќаш?
– Значи нема 11, едно ќе се откупи формално, иначе тоа е завршена работа, 11 се откупени, али формално вака едно се откупува.
– Не знам дали сега вака можам да ти доловaм со шифри…
– И да не се враќате, телефонски слушни го, прашај го на колку парчиња е поделено, по колку е едно парче и, што е најважно, прашај го дали може сега во јануари да се заврши работата.
– Е така. А за тоа, по малце, тоа не ми треба у ствари да се дели, нели го напраивме да може тоа и друга варијанта да биде. Така?
– Миле, за ова што зборевме сега, за овие осумте што ги зборевме…
– Ова горе што е, не… Тоа другото што е, знаеш?

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...