fbpx

Хелсиншки комитет: Летоците се во манирот на негативната пропаганда

-

Само еден ден пред почетокот на средношколските протести во неколку градови низ Македонија и пред големиот протест најавен за 19 март 2015 година, четврток, во Скопје, повторно осамнаа летоци со содржина која има цел да ги обесхрабри младите слободно да го изразат своето мислење. Очигледно е дека летоците се во манирот на негативната пропаганда која од власта се пласира во јавноста, за т.н. „внатрешни непријатели“ на Република Македонија, како што се меѓународните фондации, невладини организации и претставници на опозициските партии, реагираат од Хелсиншки комитет.

„Дистрибуираната содржина укажува на перфиден обид да се искористи моменталната политичка криза и дефокусира незадоволство на средношколците преку нивно поврзување со претставници на партиите во опозиција. За разлика од првиот бран на клевета и на обиди за попречување на правото на слободно здружување и изразување, вториот бран директно ги партизира младите луѓе и со тоа повторно го повредува достоинството и угледот на секој што ќе се осмели да се приклучи кон движењето“, се вели во писменото соопштение на Хелсоншкиот комитет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....