fbpx

Се подготвува колективен договор за новинарите

-

Во ЕУ Инфоцентарот во Скопје, денеска се одржа тркалезната маса, под наслов „Работните услови на новинарите во Македонија“, на која беше претставено истражувањето на Македонски институт за медиуми (МИМ) „Вработувањето и работните услови на новинарите“, од асистентот-истражувач во МИМ, Славчо Миленковски, и од Весна Никодиноска, раководителка на програми во МИМ.

Излагање имаше и претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во Македонија, Тамара Чаусидис, која зборуваше за работните услови за новинарите од перспектива на Синдикатот.
Како главно нешто што го истакна таа, а на општо задоволство на учесниците на тркалезната маса – претставници на медиуми, беше најавата дека се подготвува нацрт-верзија на колективен договор за новинарската работа во Македонија, со која, преку препораки и совети на колегите од медиумите, ќе се регулираат сите проблематични аспекти на седмата сила во Македонија, како што се висината на најниската плата, подобрување на условите за работа во медиумите, истакнување на слабите точки во комуникацијата меѓу менаџментите на медиумите и вработените во нив. Ќе се опфатат различни професии, кои се запоставуваат при барањето на правата, како што се фоторепортерите, снимателите, камерманите, монтажерите, уредниците, водителите…

Нацрт-предлогот за колективниот договор се очекува да биде подготвен наскоро, а потоа да се предаде на сите медиуми, кои ќе даваат свои предлози врз основа на нацртот, а ќе почнат и преговори, од кои ќе произлезе финална верзија, за која би се договориле сите засегнати страни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.