fbpx

Јанакиески го тужи Шилегов за нарушување на честа и на угледот

-

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поднел тужба против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, поради тврдењата што Шилегов ги изнел на прес-конференција во врска со продажба на плацеви кај „Авто Македонија“.

Ова за „Мета“ го потврди Шилегов, но не сакаше да коментира ништо за тужабата на Јанакиески.

Министерот за транспорт и врски го тужи Шилегов за нарушување на честа и на угледот.

Портпаролот на СДСМ, пред крајот на минатата година, на прес-конференција објави документи кои, како што рече, покажуваат дека Министерството за транспорт и врски во 2012 година на тендер, продало две градежни парцели во центарот на Скопје по цена од 100 евра за еден  квадратен метар, далеку под неговата релна вредност.

Станува збор за градежно земјиште со површина од 1.245 квадратни метри.

Според имотниот лист што го обелодени опозицијата, купувачот, во март минатата година, земјиштето го заложил под хипотека за кредит.

Од Министерството за транспорт и врски реагираа со демант на прес-конференцијата и најавија тужба доколку Шилегов не се извини за тврдењата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...