Твитер-реакции на сарказмот на Груевски

На социјалната мрежа „Твитер“ се појавија многу реакции на саркастичното смеење на премиерот Никола Груевски, кој, на снимките што денеска ги презентираше Зоран Заев, отворено се радува за уривањето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски.

На аудиоснимките може да се слушне како Груевски го имитира Цаноски кога овој го молел да не му го рушат објектот, што е проследено со саркастично и долго смеење.