fbpx
Таг: Миле Јанакиески

таг: Миле Јанакиески

Апелација дозволи „бомбите“ за „ТНТ“ и за „Топлик“ да се користат како доказ

Апелацискиот суд Скопје ги прифати жалбите на Специјалното јавно обвинителство против решението на Кривичен суд, со кое се забранува користењето на „бомбите“ како доказ во случаите „ТНТ“ и „Топлик“. Првообвинет во „Топлик“ за случајот „Сончев град“ е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, а предметот „ТНТ“ се однесува на уривањето на станбениот комплекс „Космос“ и провобвинет е поранешниот...

Јанакиески тврди дека кривичната пријава е дел од политичка хајка и валкана кампања

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија своето неработење и неспособност се обидува да го сокрие преку политички хајки и поднесување неосновани кривични пријави, вели поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во писмена изјава за кривичната пријава на прилепската полиција, која го товари за незаконска продажба на станови. Јанакиески тврди дека ваква кривична пријава еднаш веќе била поднесена, но била отфрлена...

СДСМ: Кривичната против Јанакиески е уште еден доказ за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ

Испливува на површина криминалот на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, а последен доказ за тоа е кривичната пријава против поранешниот министер за транспорт и врски и близок соработник на Никола Груевски, Миле Јанакиески, велат од СДСМ. „Со кривичната пријава против Јанакиески, пресудите против градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески и Александар Панов, како и со кривичните пријави и обвиненија против Христијан Делев и...

МВР му поднесе кривична на Јанакиески за незаконска продажба на државни станови

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот министер за транспрот и врски, Миле Јанакиески, кој се товари дека на две лица незаконски им овозможил да купат државни станови во Прилеп по повластени цени, со што го оштетил државниот буџет за околу 2,6 милиони денари или околу 42.000 евра, соопшти денеска МВР. Покрај Јанакиески, кривични пријави се поднесени и против Д.Р....

Апелација одлучува по жалбите во случајот „Титаник“ – СЈО бара притвори

Апелацискиот суд денеска треба да ги објави решенијата по жалбите за мерките за претпазливост изречени од Кривичниот суд за обвинетите во предметот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуларности. Меѓу обвинетите во случајот „Титаник“ се и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како и поранешните министри за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот...

СЈО бара притвори – Јанкулоска, Протогер, Јанакиески и Божиновски ветуваат дека нема да бегаат

Специјалното јавно обвинителство денеска на јавни седници, кои се одржаа едни по други во Апелацискиот суд, уште еднаш побара да им биде одреден притвор на поранешните министри за внатрешни работи и за транспрот и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, на поранешниот шеф на кабинет на експремиерот Никола Груевски, Мартин Протогер, и на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски...

СЈО поднесе жалби за одбиените притвори на Груевски, Јанакиески, Протогер и на Јанкулоска

Специјалното јавно обвинителство денеска до Апелацискиот суд Скопје доставило уште пет жалби на одлуките на Кривичниот суд со кои беа одбиени барањата да им биде одреден притвор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, и...

Груевски и другите од „Титаник“ останаа и без дипломатските пасоши, нема притвори

Кривичните совети на Основниот суд Скопје 1 ги одбија како неосновани и барањата на Специјалното јавно обвинителство за одредување притвор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и за поранешниот генерален секретар на Владата,...

СЈО бара притвор за Груевски, Мијалков, Јанакиески, Јанкулоска, Канческа-Милевска…

Специјалното јавно обвинителство денеска со 17-те обвиненија до Кривичниот суд ќе поднесе и барање за одредување притвор за вкупно 18 лица, меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, ексминистрите за внатрешни работи, култура и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска, Елизабета Канческа-Милевска и Миле Јанакиески. Според...

Фетаи: Судот и одбраната се координираат за одолжување на случајот „Шамари“

Судијката Татјана Михајлова денеска го одложи рочиштето за случајот „Шамари“ бидејќи сите списи од предметот биле испратени во Апелацискиот суд, кој треба да одлучува по жалбите на Специјалното јавно обвинителство. Осомничени во случајот се поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште 11 лица обвинети за...

Адвокатот Додевски повикан како сведок во СЈО за случајот „Талир“

Aдвокатот Никола Додевски ќе биде повикан како сведок во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Талир“ и тој нема да може да биде адвокат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, за овој случај, кој е првоосомничен пишува порталот „Сакам да кажам“ (www. sdk.mk). Од Специјалното јавното обвинителство ја потврдиле информацијата, но не кажале повеќе детали во врска со...

Јанакиески очекува СЈО да му поднесе обвинение и да оди на суд

Специјалното јавно обвинителство продолжува да работи како експозитура на СДСМ и да води политичка хајка против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, рече поранешниот министер за транспорт и врски и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески по излегувањето од просториите на СЈО, каде се задржа помалку од половина час. „Денеска бев осомничен затоа што сум ставил параф на некој договор,“ рече Јанакиески. Тој го повика СЈО да...

Јанакиески дојде во СЈО да даде исказ за случајот „Талир“

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, попладнево во 14 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство, каде според информациите треба да даде исказ за случајот „Талир“ во кој и тој е еден од осомничените. Јанакиески не даде изјава за медиумите. Инаку во Специјалното јавно обвинителство денеска беше и пратеничката на СДСМ, Фросина Ташевска-Ременски. Таа по излегувањето изјави дека била повикана...

Рочиштето за случајот „Шамари“ се одложи за 28 јуни

Судското рочиште за насилствата во Општина Центар од јуни 2013 година се одложи бидејќи денеска во Основен суд Скопје 1 не дојдоа петмина обвинети. Следното рочиште е закажано за 28 јуни во 10 часот. Обвинителот на Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, на денешното рочиште побара отсутните обвинети да бидат приведени, бидејќи биле уредно поканети, а не се појавиле. На ова реагираше...

СДСМ: Денеска е празникот на Груевски, но времето на лаги заврши

„Први април е празникот на Никола Груевски, затоа што тој е експертот за лажење. Груевски измисли странски служби и жолти комбиња со тактички опреми што снимале. Потоа целата домашна и меѓународна јавност дозна дека снимале домашните тајни служби и за тоа веќе се води истрага од Специјалното јавно обвинителство“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека...

Груевски и Јанакиески денеска во суд за „шамарите“

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да се одржи ново рочиште за случајот со насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година и нарачаните шлаканици за градоначалникот Андреј Жерновски, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Во случајот обвинети се поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела...

Судот ги одби „бомбите“ како докази и заштитениот сведок против Груевски и Јанакиески

Судијката Татјана Михајлова, воедно и в.д претседател на Кривичниот суд, одби дел од прислушуваните разговори, односно „бомби“, и сведочењето на заштитениот сведок да бидат користени како докази со судскиот процес што СЈО го води против Никола Груевски, Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и уште 11 обвинети за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година. Михајлова, всушност, ги прифати приговорите на адвокатот...

Груевски, Јанакиески и Рангелова дојдоа во судот за случајот „шамари“

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се појави на судското рочиште за случајот во јавноста познат како „шамари“, кој Специјалното јавно обвинителство на 15 септември го поведе за насилства во Општина Центар, како и за нарачаните шлаканици за градоначалникот Андреј Жерновски. Покрај Груевски, во судницата се појавија и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката...

Никој не побарал одложување на утрешното судење на Груевски за случајот „шамари“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, утре треба да седнат на обвинителна клупа за насилствата пред Општина Центар од 2013 година, а како што потврдуваат за „Мета“ и од Кривичниот суд во Скопје и од одбраната на дел од обвинетите, досега ниту една од странките не побарала одложување на...

Михајлова и како в.д. претседател може да го суди Груевски

Изборот на Татјана Михајлова за вршител на должност претседател на Основниот суд Скопје 1 не претставува пречка таа да продолжи да го суди предметот по обвинението на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, во кој првообвинети се актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, и ексминистерот за транспорт и врски,...