fbpx
Таг: Миле Јанакиески

таг: Миле Јанакиески

Почна судењето за „Космос“, Груевски и Јанакиески велат дека не се виновни

Во Основниот суд Скопје 1 претпладнево почна судењето за случајот ТНТ покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кое главни обвинети се поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски. Покрај нив, обвинети се уште четири лица за уривањето на комплексот...

Судењето на Груевски, Јанакиески и Трајковски за „ТНТ“ закажано за 24 јануари

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспрот и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски на 24 јануари треба да седнат на обвинителна клупа и за случајот „ТНТ“, за кога е закажно првото рочиште за овој предмет на Специјалното јавно обвинителство. Засега е неизвесно кој судија ќе го суди предметот,...

Судењето за „Шамари“ одложено за следната година, судијката Михајлова прераспределена

Поради прераспределувањето на судијката Татјана Михајлова, судењето за случајот нсилство во Општина Центар во јуни 2013 година покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска беше одложено во Основен суд Скопје 1. Миихајлова е прераспределена во друг оддел на судот, според новиот годишен распоред на судиите, што го подготви новиот претседател на Кривичичниот суд, Иван Џолев. Во случајот „Шамари“ обвинети се 14...

Груевски стаса на рочиштето за „Траекторија“ дури откако тоа се одложи

Откако судијата Горан Бошевски на самиот почеток го одложи за денеска закажаното рочиште за случајот „Траекторија“ а потоа замина и обвинетиот поранешен министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, во Основен суд Скопје 1 со задоцнување стаса и поранешниот премиер Никола Груевски. Судијата Бошевски даде два предлога за следното продолжение на судењето - 31 јануари и 14 февруари, но не...

Јанакиески и Пешевски пристигнаа во суд, се чека Груевски

Во Основен суд Скопје 1 пред малку пристигнаа поранешните министер и вицепремиер Миле Јанакиески и Владимир Пешевски, а се чека и Никола Груевски, пред да почне судењето за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“, во кој се обвинети за злоупотреба на службената положба за незаконско склучување договори за изградба на автопатите Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип. Притоа,...

Судењето за „Топлик“ одложено заради рочиштето за „Труст“

Судењето за „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено за 30 јануари следната година затоа што адвокатите на осомничениот Миле Јанакиески се ангажирани за случајот „Труст“. Судијката Татијана Михајлова, по дебатата меѓу одбраната и обвинителите околу термините за судењето, реши денешното рочиште да го презакаже за 30 јануари. Истрагата „Топлик“ се однесува на изградбата на населбата „Сончев град“, за која поради...

Јанакиески и Кочан денеска во суд за „Топлик“ и „Труст“

Во Основниот суд Скопје 1 денес стартува судењето за случајот „Топлик" во кој првообвинет е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Во „Топлик" заедно со Јанакиески, осомничени се уште пет лица за продажбата на градежна парцела за изградба на населбата Сончев град во скопско Сопиште. Истовремено, во судот ќе се одржи и ново рочиште за предметот на СЈО...

И „Шамарите во општина Центар“ одложено – единствениот систем за снимање зафатен за друго судење

Судењето за случајот со насилствата во Општина Центар во 2013 година, попознат како „Шамарите во Општина Центар“ денеска се одложи кратко по почетокот на денешното рочиште, бидејќи единствениот систем за снимање во Основен суд Скопје 1 бил резервиран уште пред еден месец за судењето за обидот за убиство на тогашниот министер за здравство, Никола Тодоров. Судијката Софија Лаличиќ го резервирала...

Судењето за „Траекторија“ одложено за 26 декември поради „Шамарите во Центар“

Судијата Горан Бошевски по кратка работа на денешното рочиште од судењето за случајот на СЈО, „Траекторија“, го прекина рочиштето откако беа слушнати барањата на одбраната на обвинетите. Следното рочиште ќе се одржи на 26 овој месец, а денешното беше прекинато бидејќи во судницата во 11.30 часот треба да продолжи судењето за случајот „Шамари во Општина Центар“. Денеска адвокатите на одбраната...

Дури 315 снимки и СМС-пораки во доказите на СЈО за „Траекторија“

Вкупно 315 снимки од прислушувани разговори и СМС-пораки се дел од доказниот материјал на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во случајот „Траекторија“, соопшти на денешното рочиште обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова. Најголем дел од тие снимки не се пуштени во јавност. Во овој случај, околку договорите за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, обвинети се поранешниот премиер и...

Груевски и Јанакиески денеска на две судења

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ во заминување, Никола Груевски, и пораншниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска поголем дел од денот ќе го поминат во Основен суд Скопје 1, поради неколку судења. Во 9.45 часот почнува рочиштето за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречен „Траекторија“, во кој освен двајцата обвинети се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски...

Во Кривичниот суд нови рочишта за насилството во Центар и за „Тотал“

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат рочишта за два предмети на Специјалното јавно обвинителство, за случајот со насилството пред Општина Центар во 2013 година, познат како „Шамари“, како и за предметот „Тотал“. Дванаесет лица се обвинети за поттикнување насилството во Општина Центар за време на протестите од јуни 2013 година. Меѓу обвинетите се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер...

Одложено рочиштето за „Траекторија“ поради немање услови за снимање на судењето

Почетокот на судењето за случајот „Траекторија“ на СЈО, во кое обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешните министри Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и ексдиректорот на Агенцијата на државни патишта, Љупчо Георгиевски, се одложи на барање на одбраната бидејќи во судницата не беа обезбедени услови за тонско и за визуелно снимање на рочиштето. Адвокатот Еленко Миланов во името на сите бранители...

Прифатено обвинението од СЈО за „Топлик“

Основен суд Скопје 1 го прифати обвинението на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за случајот „Топлик“. Во случајот осомничени се поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и уште пет други вработени во Министерството за транспорт. Се товарат за незаконски постапки во врски со изградбата на „Сончев град“. На 4 ноември Апелацискиот суд Скопје ги прифати жалбите на СЈО против решението на Кривичен суд од...

Груевски не го коментира признавањето на вина на Лазаров за „Шамари“

Судијката Татијана Михајлова на предлог на обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, ја раздвои постапката за Томислав Лазаров откако тој ја призна вината во случајот „Шамари“ за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година и сега судот треба да оформи нов предмет за него. За другите обвинети, кои се изјаснија како невини (Груевски, Јанакиески и Рангелова), Михајлова ги одреди датумите...

Груевски, Јанакиески и Пешевски на суд на 6 декември за случајот „Траекторија“

Кривичниот суд на 6 декември го закажа првото рочиште за случајот „Траекторија“ на СЈО, во кој обвинети се експремиерот Никола Груевски и ексминистрите Миле Јанакиески и Владимир Пешевски, за злоупотреби при изградбата на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Во случајот „Траекторија“, обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување и дека му нанеле штета на...

Груевски, Јанакиески и Рангелова се изјаснија како невини за „Шамари“

Поранешниот премиер, Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и пратеничката Даниела Рангелова на главната расправа за судскиот процес за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, се изјаснија дека се чувствуваат невини. Поранешниот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаров, обвинет во случајот, на денешното рочиште ја призна вината за кривичното дело насилство. - Се чувствувам...

Груевски и Јанакиески ќе одговараат и за „ТНТ“, судот го прифати обвинението на СЈО

Кривичниот суд го прифати обвинението на Специјалното јавно обвинителство за случајот „ТНТ“, во кој обвинети се актеулениот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски. Од СЈО ни потврдија дека добиле известување од судот дека Советот за оценка на обвинителниот акт дал зелено светло за предметот да оди...

Судот ги одобри обвиненијата на СЈО и за случаите „Траекторија“ и „Тарифа“

Кривичниот суд во Скопје ги одобрил обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство за случаите „Тарифа“ и за „Траекторија“. Како што дознаваме, Советите за оценка на обвинителните акти дале зелено светло овие два предмети да одат на судење. Тие сега треба да бидат распределени кај судии и да бидат закажани датумите за почеток на главната расправа. Во случајот „Траекторија“, кој се однесува на...

Јанакиески го прашува СЈО зошто ги повредило неговите права на приватност

По одлуката на Апелацискиот суд Скопје, со која ги прифати жалбите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) против решението на Кривичен суд, со кое се забранува користењето на „бомбите“ како доказ во случаите „ТНТ“ и „Топлик“, со писмо до јавноста, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е обвинет во дава случаи, обвини дека СЈО ги прекршило неговите...

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...