Судот ги одби „бомбите“ како докази и заштитениот сведок против Груевски и Јанакиески

-

Судијката Татјана Михајлова, воедно и в.д претседател на Кривичниот суд, одби дел од прислушуваните разговори, односно „бомби“, и сведочењето на заштитениот сведок да бидат користени како докази со судскиот процес што СЈО го води против Никола Груевски, Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и уште 11 обвинети за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година.

Михајлова, всушност, ги прифати приговорите на адвокатот на дел од обвинетите, Никола Додевски, овие докази, односно „бомбите“ и заштитениот сведок да не смеат да се користат во постапката бидејќи тоа би било спротивно на законот.

Судијката Михајлова по половина час, во кој таа се повлече за да донесе одлука, излезе со образложение дека во согласност со законот за Кривична постапка и со Законот за заштита на сведоци, не е предвидено во ваков случај за насилство да биде користен заштитен сведок, додека за „бомбите“ образложението беше дека тие се прибавени на незаконит начин и спротивно на Уставот и на законите со кои се гарантираат човековите права, како и на неколку меѓународни конвенции.

Адвокатот Додевски по завршувањето на рочиштето изјави дека бил фрапиран од тоа што СЈО предложило толку „незаконски докази“. Тој и во текот на рочиштето истакна дека заштитен сведок може да се користи само во случаи кога станува збора за кривични дела против државата, човештвото и за организиран криминал, додека во овој случај законите не дозволуваат заштитен сведок да биде користен во постапката.

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, која го застапуваше обвинението, не сакаше да даде изјава по рочиштето и за дополнителни прашања упати кон служите за односи со јавноста на СЈО.

Изјава не даде ниту првообвинетиот, експремиерот Никола Груевски, кој заедно со поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, вешто ги избегна камерите и новинарите.

Инаку, наместо почеток на главата расправа, за судскиот процес денеска се одржа подготвителна расправа. На ова реагираше обвинителката Фетаи, која рече дека според поканата што ја добиле, тие се подготвувале за главна расправа, а не за подготвително рочиште на кое ќе се расправа по листата за докази и затоа не ги донеле оригиналните докази.

Следното рочиште е закажано за 22 февруари.

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство Скопје е...

Македонските научници и истражувачи ќе работат со колегите од ЕУ

Македонските научници и истражувачи ќе добијат поголеми можности за вклучување во европските истражувачки мрежи, каде ќе можат да работат на проекти од области како енергетска безбедност, одржливи материјали за изградба на...

Годинешниот, јубилеен Егзит ќе биде последен во Србија

Фестивалот Егзит објави дека годинешното, јубилејно 25 издание ќе биде последно што ќе се одржи во Србија. Познатиот фестивал е закажан за 10 до 13 јули на Петроварадинската тврдина во Нови...

Средношколци од Битола, Виница и Скопје зборуваа за предзвици поврзани со менталното здравје

Средношколци од четири училишта во Битола, Виница и Скопје ги споделија своите проблеми и предизвици поврзани со менталното здравје. Над 100 ученици учествуваа во кампањата за ментално здравје на учениците „Твоја...

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство...