fbpx

Михајлова и како в.д. претседател може да го суди Груевски

-

Изборот на Татјана Михајлова за вршител на должност претседател на Основниот суд Скопје 1 не претставува пречка таа да продолжи да го суди предметот по обвинението на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, во кој првообвинети се актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

„Според правилата, в.д. претседателот може да продолжи со актуелните предмети кои ѝ се дадени во работа“, велат за „Мета“ од Кривичниот суд.

Оттаму додаваат дека в.д. претседателот може да биде „изземен“ од конкретниот или од некој друг предмет, по кој постапува, ако самиот го побара тоа од Судскиот совет, поради преголема ангажираност.

Михајлова за в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1 беше избрана на денешната седница на Судскиот совет, откако на судијата Владимир Панчевски вчера му истече мандадот како претседател на најголемиот и најважниот Кривичен суд во државата.

Во меѓувреме, тече постапката за избор на претседател на Кривичниот суд, а кандидати за функцијата се Панчевски, судијата Иван Џолев и нивниот колега Владимир Туфегџиќ. Изборот на претседател на судот, според најавите, би требало да се случи веднаш по предвремените парламентарни избори, поради што се очекува дека Михајлова нема долго да ја извршува функцијата в.д. претседател.

Судењето за насилствата пред Општина Центар требаше да почне на 17 ноември, но на барање на адвокатот на Јанакиески, Никола Додевски, беше одложено за 16 декември, односно пет дена по парламентарните избори.

На денешната седница, Судскиот совет избра в.д. претседател и на Врховниот суд, бидејќи на Лидија Неделкова, како и на Панчевски, вчера ѝ истече мандатот.

Инаку, одлуката изборот на претседатели на Врховниот и на Кривичниот суд да биде по изборите, а не пред завршувањето на мандатот на досегашните, поради што и беа избрани в.д. претседатели, е по препорака на Државната комисија за спречување на корупција, изборот да не се прави додека е во тек предизборната кампања и тој да биде веднаш по завршување на парламентарните избори на 11 декември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...