fbpx

Груевски и Јанакиески денеска во суд за „шамарите“

-

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да се одржи ново рочиште за случајот со насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година и нарачаните шлаканици за градоначалникот Андреј Жерновски, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Во случајот обвинети се поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште 11 други лица.

На претходното рочиште, кое се одржа на 16 декември минатата година, судијката Татјана Михајлова (актуелен в.д. претседател на Кривичниот суд Скопје, н.з.) ги одби како докази прислушуваните разговори и заштитениот сведок и донесе решение тие да бидат издвоени од предметот во судскиот процес.

Образложнието на Михајлова беше дека според Законот за кривична постапка и со Законот за заштита на сведоци, не било предвидено во ваков случај за насилство да биде користен заштитен сведок, додека за „бомбите“ констатацијата беше дека тие се прибавени на незаконит начин и спротивно на Уставот и на законите со кои се гарантираат човековите права.

Специјалното јавно обвинителство на почетокот од овој месец поднесе жалба против решението на Михајлова до Апелацискиот суд Скопје, од каде сè уште нема информација дали е разгледана и дали е одлучено по жалбата на СЈО.

Обвинението на СЈО за насилствата пред Општина Центар го застапува обвинителката Фатиме Фетаи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...