fbpx
Таг: Македонско еколошко друштво (МЕД)

таг: Македонско еколошко друштво (МЕД)

Микроорганизми што го јадат линданот може да нè спасат од огромното загадување од ОХИС

Разложување на опасниот токсин линдан со помош на микроорганизми е истражувањето кое го спроведе младата научничка Марија Тодоровска Ивковиќ со својот тим, во рамките на Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ на Македонското еколошко друштво (МЕД). Ослободувањето од отровниот пестицид, кој со децении го загрозува здравјето на жителите на Скопје и ги загадува почвата и подземните...

МЕД објави повик за проекти за програмата „д-р Љупчо Меловски“ за поддршка на млади еколози

Македонското еколошко друштво (МЕД) информираше дека е отворен новиот повик за аплицирање со проекти во Програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски“ 2023. Целта на повикот е да се охрабрат млади истражувачи самостојно да планираат, спроведуваат, известуваат и донесуваат заклучоци на научни проекти. Како што велат од МЕД, предност за финансирање и поддршка ќе имаат проекти кои се...

Дивите животни гинат на патиштата додека го чекаат првиот зелен премин во земјава

Балканскиот рис често го поминува патот од Гостивар кон Кичево, сообраќајница која го пресекува неговото природно живеалиште. Снимките од мрежата на Македонското еколошко друштво покажуваат дека ова критично загрозено животно секојдневно ризикува да заврши под тркалата на возилата во обидот да се движи или да обезбеди храна. Пресекувањето на живеалиштата на рисот, но и на другите диви животни со...

Екологијата главна тема во Охрид, Македонско еколошко друштво собра над 200 научници од Европа

Македонското еколошко друштво годинава одбележува 50 години од своето постоење и работа, а викендов во Охрид го организира Шестиот Конгрес на еколозите со меѓународно учество. На настанот својата работа ќе ја претстават 146 автори и над 50 посетители, коавтори на научни трудови и соработници. На конгресот учествуваат претставници од земјава, како и од Косово, Србија, Бугарија, Полска, Грција, Словенија,...

Се зголемил бројот на мршојадци во земјава, но отровите и понатаму ги демнат

Бројот на парови од белоглавиот и египетскиот мршојадец, кои се гнездат во С. Македонија се зголемил. Годинава, Македонското еколошко друштво пребројало десет парови белоглави мршојадци, за разлика од 2018 година, кога биле само шест. Бројките на гнездечки парови на египетскиот мршојадец, пак, веќе три години се стабилни и не е регистрирана загуба на ниту една двојка. Во земјава има...

Планините полни со напуштени кучиња, го јадат пленот на рисот и напаѓаат луѓе

Планините се полни со напуштени кучиња кои се закана за луѓето, но и за дивиот свет. Глутници гладни кучиња го јадат пленот на рисот и другите диви животни, а заради генетската блискост хибридизираат и со волците. Иако гледани како предатори, и самите кучиња во овие случаи се жртви. Особено заради неодговорните сопственици кои ги довеле во ситуација да мораат...

Јавна трибина: „Напуштените кучиња – закана за дивиот свет“ во МКЦ

Трибина на која ќе се говори за заканата за дивиот свет што ја предизвикуваат напуштените кучиња во руралните средини ќе се одржи на 29 август, понеделник со почеток во 9:30 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ), во организација на Македонското еколошко друштво (МЕД). „Често гледаме оставени кучиња на планински превои како Ѓавато, Буково, Маврово и Попова Шапка. А теренските истражувања...

Секоја година во земјава најмалку еден рис страда од криволов

Најмалку еден балкански рис секоја година страда од криволовци. Во земјава се останати само уште околу 35 возрасни единки од ова прекрасно животно. Во околните земји Албанија и Косово има уште петнаесетина рисови, бројка што укажува на фактот дека опстанокот на дивата мачка е сериозно загрозен и ја става на листата на  Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN)...

Земјава има исклучителна биолошка разновидност, но таа мора и да се чува и заштити

Кога земјава би имала повеќе подрачја „Натура 2000“, што е најголемата координирана еколошка мрежа на заштитени подрачја во светот, тогаш би добиле и поголема заштита на екосистемите и сите нивни елементи, рече Диме Меловски од Македонското еколошко друштво на дебатата со наслов „Заштита на биодиверзитетот преку чување на природата и реверзија на деградацијата на екосистемите“ која се одржа во...

МЕД го промовираше видеото посветено на уникатните острови во Преспанско езеро

Македонското еколошко друштво (МЕД) го промовираше видеото „Голем Град – последното скривалиште на природата“, во кое се содржани долгогодишните еколошки истражувања на преспанскиот остров Голем Град. Се работи за истражувања кои во изминатите 15 години ги направил меѓународен тим на херпетолози на популациите на шумската желка, поскокот и рибарката. „Голем Град – последното скривалиште на природата“ е кратко видео што...

Труењето и криволовот ги истребија дивите животни, но во земјава и понатаму нема ниту една казна за еколошки криминал

Труење, криволов или недозволена трговија се меѓу главните закани за дивиот свет во земјава. Египетскиот мршојадец и балканскиот рис се на работ на истребување, а и мечките, волците, лисиците или шакалите не се под помала закана. Сепак, и покрај тоа што ова се едни од главните причини за десеткувањето на полулациите на најзагрозените животни во земјава, еколошкиот криминал и...

ИКС ги објави своите номинации за македонски кандидати за наградата „Earthshot Prize“

Оваа година за глобалната награда за животна средина „The Earthshot Prize“, Институтот за комуникациски студии (ИКС) за македонски претставници со креативни решенија ги номинираше Горјан Јовановски со апликацијата AirCare, иницијативата „Ретвитни оброк“ и Програмата за закрепнување на Балканскиот рис што ја спроведува Македонското еколошко друштво. Станува збор за најпрестижна награда на светско ниво што се доделува во оваа област. „Earthshot“...

Ископот и поставувањето на темелите околу малата депонија на линдан во ОХИС се завршени

Во периодот од официјалното означување на стартот на активностите на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС, 100122“, а се однесуваат на малата депонија на ОХИС, реализирани се најголемиот дел од активностите предвидени со подготвителната фаза, соопштија од Македонското еколошко друштво (МЕД). Конкретно, реализирани се активности...

Скоро две децении државата никако да го основа центарот за згрижување на диви животни

Иако концептот за правата на животни обично се поврзува со заштита и благосостојба на домашни животни, еднакви права имаат и дивите животни. Нивната заштита е предвидена со Законот за заштита на природата, каде се предвидува заштита на биолошката разновидност која ја сочинуваат и дивите животни и Законот за ловство, а и Кривичниот законик. Сепак, поразителен е фактот што до сега...

Ниту една казна за труење диво животно, спасени 18 белоглави мршојадци

Ниту еден случај на труење на диво животно во земјава досега не завршил со казнување на сторителот. Казна не е изречена ниту ако животното е заштитено или во опасност од исчезнување. Незаконското користење отров и понатаму претставува најголемата закана за опстанокот на мршојадците не само во С. Македонија туку и на целиот Балкански полуостров, а неказнувањето е една од...

Водич за екоактивизам: Секој има должност да ја заштитува животната средина

Како да ги искористиме македонските закони за да ја заштитиме животната средина, каква е улогата на граѓанскиот активизам и колку може секој поединец да придонесе за да живее во подобра околина, се насоките кои ги содржи публикацијата „Заедно ЗА природата: Водич за екоактивизам“ што ја објавија Институтот за комуникациски студии и Македонското еколошко друштво. Водичот се фокусира на правните...

На патиштата 505 несреќи се случиле за помалку од 3 години заради животни, експертите бараат мерки

Несреќата со мечката што пред неколку дена загина на автопатот Скопје – Тетово повторно го актуализира прашањето колку се небезбедни јавните патишта за животните и за возачите. Земајќи предвид дека во период од 2019, 2020 и 2021 според информациите на МВР се случиле 505 сообраќајни несреќи кои биле предизвикани од животни, експертите препорачуваат изградба на биокоридори и обновување на...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...