понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Македонско еколошко друштво (МЕД) | 58 резултати

Македонското еколошко друштво ќе стипендира студенти на природните науки од преспанскиот крај

ноември 25, 2025

МЕД ќе ги вклучи студентите и во својата менторска програма преку која ќе стекнат практично и теренско искуство во истражувањето и заштитата на видовите и живеалиштата во Преспа

Патувачката изложба за балканскиот рис отворена во Сарајот во Ресен

октомври 23, 2025

Патувачката изложба посветена на балканскиот рис вчера беше отворена во Домот на културата во Ресен, во зградата на Сарајот, еден од најрепрезентативните споменици на неокласичното архитектонско наследство во земјата од почетокот на минатиот век. Најголем дел од делата на изложбата се фотографии снимени со фотозамки – метод што најчесто се користи при истражувањето на притаени […]

Пустош во паркот „Езерани“, штетите од пожарот се милиони евра

јули 23, 2025

Изгорена е речиси половина од копнената површина на Паркот на природата „Езерани“ во Преспа. Во пожарите, кои во текот на месецов неколкупати се разгоруваа, се уништија околу 200 хектари трска, над 160 хектари шуми и галерии од врби и тополи, околу 100 хектари на ливадски заедници, околу 30 хектари шуми од евла, околу 15 хектари […]

Македонија и ЕУ заеднички ќе работат на заштита на Преспа

јуни 12, 2025

Зајакнување на еколошките капацитети и унапредување на управувањето со природните ресурси во прекуграничниот Преспански регион, преку едукација, истражување, заштита и комуникација се целите кои ќе треба да се постигнат во следните четири години за заштита на едно од најуникатните подрачја во земјава. Проектот кој е финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за […]

Мурал на балкански рис ја краси фасадата на Театар Комедија

јуни 11, 2025

Голем мурал на балкански рис од денеска ја краси фасадата на Театар Комедија во центарот на Скопје. Уметничкото дело беше откриено во организација на Македонското еколошко друштво, како дел од одбележувањето на Светскиот ден на рисот. Балканскиот рис е една од најретките диви мачки во Европа, со помалку од 50 преостанати единки. Тоа е подвид […]

Расте бројот на белоглавите мршојадци, во Македонија има 20 парови

мај 26, 2025

Бројот на белоглави мршојадци, загрозен вид птици што опстојува во земјава, пораснал во последната година, покажало последното пребројување што го реализираа членовите на Македонското еколошко друштво и Здружението за зачувување на природата „Аквила“ од Кавадарци. Годинава е потврдено присуството на дваесетина двојки на белоглави мршојадци на две локации. Од нив, оваа гнездечка сезона девет се […]

Змиите во урбани средини се ретки и не се опасни, треба само да се заобиколат, советуваат биолозите

мај 7, 2025

Змиите кои живеат во Македонија не се агресивни и бегаат од луѓето. При средба со змија се препорачува да не се напаѓа и повредува, туку да се заобиколи, велат од Македонското еколошко друштво. Од таму апелираат граѓаните во периодот од годината кога вегетацијата забрзано расте, редовно да си ги средуваат дворовите и да ја косат […]

Уметничка од Јапонија со потекло од Србија ќе го црта балканскиот рис и ќе собира пари за негова заштита

мај 5, 2025

Младата уметничка Драгослава Ѓуриќ ќе го црта балканскиот рис и половина од заработката ќе донира на Македонското еколошко друштво кое работи на негова заштита. Драгослава, која е родена во Србија, но повеќе од 20 години живее и работи во Јапонија, неодамна заедно со тимот на Balkan Lynx од МЕД ги посети живеалиштата на рисот во […]

Се пошумува Буковиќ, еден од најзначајните коридори на  балканскиот рис

април 17, 2025

Македонското еколошко друштво, во соработка со Јавното претпријатие „Национални шуми“ започна со пошумување на пределот Буковиќ, важен природен екосистем и клучен био коридор за балканскиот рис. Ќе се засадат 21.000 садници од видот бука, кој според експертската проценка е најсоодветен за ова подрачје, како автохтон за пределот и како најзастапен, заради што и регионот го […]

Истражувањето на криминалот против дивите животни треба да добие поголем приоритет кај институциите

декември 22, 2024

Ниту една институција во земјата нема точни податоци колку кривични дела се направени против дивите животни. Бројот на незаконски заловени, убиени, мачени или отруени животни не е познат, ниту пак се знае дали за овие случаи се водела истрага, дали имало обвиненија и дали некој добил казна и каква. Не се знае доколку некој заловил […]

Труење, нелегална трговија и убивање се најголемите закани за дивиот свет во земјава

септември 21, 2024

Незаконскиот отстрел на дивеч, користењето на примки, мрежи и стапици за фаќање диви животни, труењето и незаконската трговија со диви видови се најчестите случаи на криминал врз дивиот свет во Македонија, е заклучокот од работилницата за борба против криминалот врз дивиот свет, што ја организирше Македонското еколошко друштво со поддршка од Здружението на јавните обвинители. […]

Бројот на штркови во Македонија за десет години пораснал за 60 отсто

септември 3, 2024

Штрковите во Македонија се пребројани, објави Македонското еколошко друштво (МЕД) по спроведувањето на пописот во рамки на осмиот Европски цензус на штркови што се прави на секои десет години. Попис на штрковите во земјава првпат се спроведе во 2014 година, а годинава е забележано зголемување на популацијата на овие птици и тоа за дури 60 […]

Царскиот орел, спасен од пожар на Пониква, угинал од инфекција

август 26, 2024

Царскиот орел спасен од пожарите на Пониква, угинал како последица на инфекција, покажала обдукцијата направена на Факултетот за ветеринарна медицина. Птицата не била жртва на огнено оружје и немала скршеници, но била со слабо развиена мускулатура. „Од трупот биле земени материјали за патохистолошко испитување, кое покажало дека златниот орел угинал од како последица на инфективна […]

Труењето на дивите животни ќе се истражува преку утврдена процедура, се очекуваат првите обвиненија и пресуди

август 22, 2024

Земјава ја доби првата оперативна процедура за постапување при случаи со труење на диви животни. Десетина институции, меѓу кои и Инспекторатот за заштита на животна средина, Министерствата за внатрешни работи и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за храна и ветеринарство и другите надлежни институции за сузбивање на незаконското труење на диви животни како правосудните […]

Царскиот орел не бил застрелан, но бил во лоша состојба: еколозите бараат центар за рехабилитација на диви животни

август 9, 2024

Царскиот орел спасен од пожарите на Пониква,не бил жртва на огнено оружје и немал скршеници, но бил во лоша здравствена состојба, што го покажува и фактот дека дозволил пожарникарите да го фатат, информираа денеска од Македонското еколошко друштво. Телото на орелот е на Факултетот за ветеринарна медицина, каде што ќе биде извршена обдукција. Еколозите посочуваат […]

Планетата Земја го слави светскиот ден задушена во пластика

април 22, 2024

Денот на планетата Земја, што традиционално се одбележува на 22 Април, оваа година е посветен на борбата со пластиката и пластичниот отпад. Под мотото „Планета vs пластика“ се започнува кампања за намалување за 60 отсто на целокупното производство на пластика до 2040 година и се апелира за инвестирање во иновативни технологии и материјали за да […]

Студенти креираа иновативна замка за заловување рисови

март 12, 2024

Три прототип замки за заловување рисови се поставени во Националниот парк „Маврово“. Нив во изминатиот период ги креираа група студенти од природни и технички науки во координација со Македонското еколошко друштво. Студентите работеа на изнаоѓање иновативен начин да се заловат рисовите, кои се загрозен вид на раб на изумирање, за понатаму да се следат, истражуваат […]

Со кафеавата мечка ќе се управува со Акциски план, за да се спречи влегувањето по селата

февруари 29, 2024

Кафеавата мечка до октомври треба да го добие првиот Акциски план за управување. Истовремено се работи и на формирање и опремување на интервентен тим што ќе може брзо да излезе на терен и да се справи со различни ситуации поврзани со мечките. По непријатните случки од минатата година, кога мечки се симнуваа во села во […]

Страна 1 од 3