fbpx
Таг: Македонија

таг: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на 24 април ќе го кажат последниот извештај

Македонија денеска доби нова препорака за напредокот во европските интеграции, што значи дека има капацитет за влез во Европската унија, но не верувам дека Европската комисија има капацитет да ја прими Македонија за полноправна членка, изјави на денешната прес-конференција членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Според него, двоецот Заев - Шекеринска не успеал да ѝ нанесе штета на...

Сите забелешки во извештајот на Европската комисија за Македонија

Со извештајот за напредок од Европската комисија, Македонија доби условена препорака за почеток на преговорите со ЕУ. Меѓу главните забелешки во поглед на политичките критериуми, во извештајот стои дека „Оваа година Македонија поминува низ најголема криза по онаа во 2001 година, со пресретнатите комуникации кои очигледно вклучуваат високи владини претставници, што укажува на кршење на основните човекови права, мешање во независноста на...

Орав попладнево ќе му го предаде извештајот за напредок на Иванов

Шефот на Делегацијата на Европската унија, Аиво Орав, денеска на претседателот Ѓорге Иванов ќе му го врачи извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2015 година. Како што е најавено, средбата ќе се одржи попладнево, во претседателската резиденција на Водно.

Хан: Македонија доби препорака под услов да го спроведе Договорот од Пржино

„Македонија доби препорака за почеток на преговорите за влез во Европската унија, но со два услова. Прво, да се спроведе целосно Договорот од Пржино и, второ, да се спроведат неопходните реформи“, истакна на денешната презентација на извештајот за Македонија, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. - Во Македонија има добар законодавно-правен систем. Сепак, политичкиот систем е вмешан во корупција. Поради тоа се случи...

Денеска ќе биде презентиран извештајот за напредок на Македонија во ЕУ

Извештаите за напредокот на земјитe во процесот на евроинтеграциите денеска треба да ги објави Европската комисија. Во годинашните извештаи за напредок, земјите-кандидатки за членство во Европската унија ќе добиваат оценки од еден до пет. Во пресрет на извештајот, дипломатите единствено забележуваат дека спроведувањето на договореното од Пржино е чекор напред, со што, наводно, беше условувана и препораката за преговори со Унијата. Се...

Схинас: Европската комисија ги затвора извештаите за напредок

Европската комисија е во процес на затворање на извештаите за прогресот на земјите-кандидатки за членство во ЕУ, соопшти денеска портпаролот на комисијата, Маргаритис Схинас. Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре ќе има средба со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, посветена на прогрес-извештајот за проширувањето, но засега сè уште не се знае кога Европската комисија ќе ги објави извештаите. -...

ЕУ: Ќе веруваме, кога ќе го видиме договорот!

Мисијата на Европската унија на Македонија засега се воздржува од коментирање на вчерашниот договор, бидејќи сè уште го немаат добиено. „Ќе веруваме, кога ќе го видиме“, соопштија кратко од делегацијата на ЕУ. Еврокомесарот за проширување и за соседска политика Јоханес Хан, кој денеска е во посета на Косово, сепак, нема да ја посети Македонија. Од прес-службата од канцеларијата на еврокомесарот, на...

Тевдовски: Целта ни е да ја победиме нееднаквоста

Претседателот на Комисија за економија на СДСМ, Драган Тевдовски, на денешната прес-конференција изјави дека нивна цел е да се победи нееднаквоста во општеството и да се врати средната класа. Тој потсети на четирите столба од „Визијата за Македонија“. -  Првиот столб спречува злоупотреби на државните ресурси од малата група луѓе на власт. Вториот столб овозможува прераспределба на доходот од најбогатите кон мнозинството осиромашени...

Почнат е процесот на прифаќање на извештајот за напредокот на Македонија

Процесот за затворање на извештајот за напредокот на земјите од Балканот е почнат, соопшти денеска портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас. - Внатрешниот процес за прифаќање на извештаите е почнат. Не сум во позиција да го соопштам точниот датум, но можам да кажам дека процесот е веќе почнат – рече Схинас. Според првичните неофицијални информации, извештаите требаше да бидат објавени неделава,...

Христов: Македонското новинарство е во длабока кома

Се чини дека изминатите две години ништо не се сменило во Македонија, но, всушност, многу работи се сменија, оцени Боби Христов на панел-дискусијата „Спик ап“ („Проговорете“ или „Кренете глас“), конференција во Брисел за медиумската состојба во земјите од Западниот Балкан и во Турција. - Ако пред години новинарството беше во несвест, сега е во длабока кома. Новинарството е мртво. Медиумите,...

Заев: Очекуваме во најкусо време да се реализира Договорот од Пржино

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретнал со амбасадорката на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалајнен. На средбата, како што соопштуваат од партијата, се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија и за обезбедувањето услови за фер и демократски избори. Заев ја информирал амбасадорката Суомалајнен за најновите случувања во преговарачкиот процес околу Договорот од Пржино. - Посветени сме на спроведувањето на Договорот...

Нов круг разговори меѓу Македонија и Грција за мерките за градење доверба

Во Атина се одржа нов круг преговори меѓу македонската и грчката страна за имплементирање на мерките за градење доверба. Како што информираат од грчкото министерство за надворешни работи, минатиот петок во Атина околу мерките разговарале политичкиот директор на министерството, амбасадорот Петрос Мавроидис, и неговата македонска колешка, амбасадорката Елена Кузмановска. Од македонското МНР, со соопштение ја потврдија средбата и додаваат дека двете...

Нимиц: Крајно време е да се најде решение за спорот за името

Посредникот Метју Нимиц бара Македонија и Грција да ја прекинат паузата во преговорите за спорот за името и повторно да го стават решавањето на ова прашање високо на политичката агенда. Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) во преговорите за името меѓу Македонија и Грција, ги отвора картите за 20-годишните преговори, апелира за конечно решавање на името...

Брисел: Македонија засега нема соопштено колку бегалци ќе прифати

Македонија засега нема соопштено колку бегалци може да прими во земјата, соопшти денеска Наташа Берто, портпарол на Европската комисија. - Сите претставници од 12 земји, како и од Европската комисија и од агенциите на Советот на Европа, учествуваа на вчерашната прелиминарна видеоконференција. Исто така, имаме листа на лица за контакт, кои се ставени во соопштението. Имаме заложување на четири од 11...

Германија до ВМРО-ДПМНЕ: Покажете волја и спроведете го Договорот од Пржино

„Специјалниот ополномоштеник за Западен Балкан, Турција и за државите на ЕФТА, д-р Ернст Рајхел, на 28 октовмри 2015 година го покани на разговор македонскиот амбасадор во Берлин, Сашо Марковски, во Министерството за надворешни работи, за да му ги пренесе разочарувањето и загриженоста на сојузната влада за имплементацијата на спогодбата од Пржино, која сè уште изостанува“, соопштуваат од германската амбасада...

Средба на вицепремиерот Бесими со заменик-министерката за надворешни работи на Холандија

Холандија е еден од најголемите поддржувачи на Македонија за членство во евроатлантските структури, но клучно е земјава да продолжи да испорачува мерливи резултати во спроведување на реформите во соодветните области, било истакнато на денешната средба на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, со заменик-министерката за надворешни работи на Кралството Холандија, Рене Џоунс Бос. Во овој контекст на средбата бил...

На 5 ноември Македонија ќе добие условена препорака од ЕК?

На 5 ноември Европската комиисија (ЕК) ќе ги објави извештаите за напредок на земјите од Западен Балкан и за Турција, а Македонија, според изворите на кои се повикува порталот „Нова ТВ“, ќе добие условена препорака за почетокот на преговорите за членство во Европската унија (ЕУ). Како што пишува порталот, условот ќе биде спроведувањето на Договорот од Пржино, а можно е...

Полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и на Косово потпишаа меморандум за соработка

Полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и на Косово денеска во Охрид потпишаа меморандум за соработка, со кој се предвидува воспоставување експертска група за справување со нелегалната трговија со оружје во Југоисточна Европа, како и регулирање на начинот за заемна соработка, соопшти МВР. „Во изминативе неколку години, овој регион не е само крстопат за меѓународни канали на нелегална трговија со...

„Дуинг бизнис“: Македонија на 12. место од 189 економии во светот

Според најновиот извештај „Дуинг бизнис“ (Doing Business) на Светска банка, Македонија е на 12. место од 189 економии во светот. Во областа на почнување бизнис, земјата е второрангирана, а според извештајот, тоа се должи на поедноставувањето на процедурите преку интернет-регистрацијата. Во категоријата плаќање даноци, Македонија е на седмо место. Угледниот меѓународен неделник „Економист“ неодамна даде сериозни забелешки во однос на рангирањето на земјите во извештајот „Дуинг...

Попоски во тридневна посета на Јапонија

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, од денеска (27 октомври) до четврток (29 октомври) ќе престојува во официјална посета на Јапонија, каде ќе има средби со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Јапонија, Фумио Кишида, со парламентарниот заменик-министер за надворешни работи, Мики Јамада, и со повеќе пратеници на јапонскиот Диет. Како што соопштуваат од кабинетот на Попоски, утре (28...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...