ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на 24 април ќе го кажат последниот извештај

-

Македонија денеска доби нова препорака за напредокот во европските интеграции, што значи дека има капацитет за влез во Европската унија, но не верувам дека Европската комисија има капацитет да ја прими Македонија за полноправна членка, изјави на денешната прес-конференција членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Според него, двоецот Заев – Шекеринска не успеал да ѝ нанесе штета на Македонија и земјата да ја изгуби препораката.

– Тоа што во извештајот има препорака за почеток на преговори за членство, значи дека власта има капацитет за успех на патот кон Европска унија. Ова, исто така, значи и пораз за политиката на СДСМ, која, за жал, не беше без последици. Што се однесува до забелешките за работата на Собранието, тоа било крајна цел на опозициската партија, која и пред изборите во 2014 година и по нив имала јасен план да се направи политичка криза и тоа да се одрази на извештајот – изјави Милошоски.

Тој рече дека Заев и Шекеринска се обиделе да ја остават Македонија без препорака. Што се однесува на забелешките за корупцијата, пак, Милошоски истакна дека најдобар показател за корупција се Заев, преку неговиот брат, и Шекеринска, преку нејзиниот сопруг.

– СДСМ ќе продолжи со деструктивен начин на дејствување, а тоа ќе се засилува пред изборите закажани за 2016 година. Но, успешноста на една држава не смее да биде заложник на ничии политики. Затоа граѓаните на 24 април ќе го кажат конечниот извештај – заклучи Милошоски.

На новинарско прашање до кога ВМРО-ДПМНЕ ќе го обвинува СДСМ за неуспехот на Македонија, Милошоски рече дека единствената пречка на земјата кон ЕУ е Грција. Тој рече дека ако „Грција ја спушти рампата“, Македонија ќе била дел од Европското семејство заедно со Бугарија и со Романија.

Што се однесува до изборот на министри и на заменици-министри од СДСМ и кога ќе бидат изгласани во Собранието, тој не знаеше точно што да одговори затоа што во моментов се одржувале координации на политичките партии во парламентот.

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Откако вчера на социјалните мрежи стана вирално видео на кое маж крвнички тепа жена додека е вклучен во живо на социјалната мрежа „ТикТок“, веднаш беше приведен. Додека се чека официјално соопштение од...

Главните опозициски партии за истрагата за „Пулс“: Селективна правда и политички прогон

Пишува: Теофил Блажевски   СДСМ и ДУИ во последните два дена излегоа со ставови во јавноста во врска со истрагата за трагедијата во Кочани во кои има сличности во настапот, но и разлики. Ваквата...

Трамп воведува царини од 25% за увезени автомобили, очекувајќи да собере 100 милијарди долари од даночните приходи

Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека воведува 25% тарифи на увозните автомобили, потег кој Белата куќа тврди дека ќе го поттикне домашното производство, но истовремено може да ги оптовари автомобилските...

Македонија одбележува пет години како дел од НАТО Алијансата

Денес се навршуваат пет години од официјалното зачленување на Македонија во Северноатлантската алијанса (НАТО), со што државата на 27 март 2020 година стана 30-та полноправна членка на најголемиот воено-политички сојуз во...

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Откако вчера на социјалните мрежи стана вирално видео на кое маж крвнички тепа жена додека е вклучен во живо на социјалната мрежа „ТикТок“, веднаш беше приведен. Додека се чека официјално...