fbpx

Попоски во тридневна посета на Јапонија

-

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, од денеска (27 октомври) до четврток (29 октомври) ќе престојува во официјална посета на Јапонија, каде ќе има средби со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Јапонија, Фумио Кишида, со парламентарниот заменик-министер за надворешни работи, Мики Јамада, и со повеќе пратеници на јапонскиот Диет.

Како што соопштуваат од кабинетот на Попоски, утре (28 октомври) на свечена церемонија во Токио, шефот на македонската дипломатија, заедно со парламентарниот заменик-министер за надворешни работи и со македонскиот амбасадор во Јапонија, Андријана Цветковиќ, ќе ја отворат Амбасадата на Република Македонија во Токио.

Попоски, како што е предвидено, ќе се сретне и со челните луѓе на Јапноската организација за надворешна трговија и на најголемата стопанска комора на Јапонија КЕИДАНРЕН, а ќе биде потпишан и меморандум за разбирање меѓу токиската општа болница и македонското министерство за здравство.

„Посетата на министерот Попоски на Јапонија ќе претставува можност за потврдување на одличните билатерални односи и за изразување благодарност за поддршката на Јапонија на Република Македонија од осамостојувањето до денес“, стои во соопштението на МНР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...