Таг: Македонија

таг: Македонија

Германија до ВМРО-ДПМНЕ: Покажете волја и спроведете го Договорот од Пржино

„Специјалниот ополномоштеник за Западен Балкан, Турција и за државите на ЕФТА, д-р Ернст Рајхел, на 28 октовмри 2015 година го покани на разговор македонскиот амбасадор во Берлин, Сашо Марковски, во Министерството за надворешни работи, за да му ги пренесе разочарувањето и загриженоста на сојузната влада за имплементацијата на спогодбата од Пржино, која сè уште изостанува“, соопштуваат од германската амбасада...

Средба на вицепремиерот Бесими со заменик-министерката за надворешни работи на Холандија

Холандија е еден од најголемите поддржувачи на Македонија за членство во евроатлантските структури, но клучно е земјава да продолжи да испорачува мерливи резултати во спроведување на реформите во соодветните области, било истакнато на денешната средба на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, со заменик-министерката за надворешни работи на Кралството Холандија, Рене Џоунс Бос. Во овој контекст на средбата бил...

На 5 ноември Македонија ќе добие условена препорака од ЕК?

На 5 ноември Европската комиисија (ЕК) ќе ги објави извештаите за напредок на земјите од Западен Балкан и за Турција, а Македонија, според изворите на кои се повикува порталот „Нова ТВ“, ќе добие условена препорака за почетокот на преговорите за членство во Европската унија (ЕУ). Како што пишува порталот, условот ќе биде спроведувањето на Договорот од Пржино, а можно е...

Полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и на Косово потпишаа меморандум за соработка

Полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и на Косово денеска во Охрид потпишаа меморандум за соработка, со кој се предвидува воспоставување експертска група за справување со нелегалната трговија со оружје во Југоисточна Европа, како и регулирање на начинот за заемна соработка, соопшти МВР. „Во изминативе неколку години, овој регион не е само крстопат за меѓународни канали на нелегална трговија со...

„Дуинг бизнис“: Македонија на 12. место од 189 економии во светот

Според најновиот извештај „Дуинг бизнис“ (Doing Business) на Светска банка, Македонија е на 12. место од 189 економии во светот. Во областа на почнување бизнис, земјата е второрангирана, а според извештајот, тоа се должи на поедноставувањето на процедурите преку интернет-регистрацијата. Во категоријата плаќање даноци, Македонија е на седмо место. Угледниот меѓународен неделник „Економист“ неодамна даде сериозни забелешки во однос на рангирањето на земјите во извештајот „Дуинг...

Попоски во тридневна посета на Јапонија

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, од денеска (27 октомври) до четврток (29 октомври) ќе престојува во официјална посета на Јапонија, каде ќе има средби со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Јапонија, Фумио Кишида, со парламентарниот заменик-министер за надворешни работи, Мики Јамада, и со повеќе пратеници на јапонскиот Диет. Како што соопштуваат од кабинетот на Попоски, утре (28...

Брисел и Западен Балкан договорија краткорочен план за справување со бегалците

Лидерите на Европската унија на синоќешниот состанок со земјите од Западен Балкан, во Брисел, усвоија 17 точки кои се дел од краткорочниот план за справување со најголемата бегалска криза во Европа по Втората светска војна. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и германската канцеларка Ангела Меркел, сепак, истакнаа дека особено е важно долгорочно да се реши причината за кризата. Со акциониот...

ЕУ бара засилена македонско-грчка гранична соработка

Грција прифати да прими и да згрижи 50.000 бегалци на нејзина територија. Покрај ова, на вчерашниот Самит за бегалската криза во Брисел, грчкиот премиер Алексис Ципрас го прифати и условот да се почне засилена меѓугранична соработка за подобро справување со бегалците што минуваат низ Балканот меѓу Атина, Скопје и Тирана. Според информациите во Грција, Европската комисија инсистирала веднаш да се имплементираат...

Вучиќ: Не им забележуваме на Македонија и на Црна Гора, но ќе им го паметиме

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека не е среќен поради поддршката на Македонија и на Цена Гора на препораката за Косово за членство во УНЕСКО, но оти не им забележува бидејќи државите водат своја политика. Сепак, додава дека „тоа ќе го паметат“. - Мојата порака до граѓаните на Србија е: Главата горе, без разлика колку е тешко. Ние ништо изгубивме на...

Дачиќ: Разочаран сум од ставот на Црна Гора и на Македонија

Разочаран сум од ставот на Црна Гора и на Македонија, кои при гласањето во извршниот совет на УНЕСКО се изјаснија за препораката за прием на Косово во организацијата, изјави српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, во утринската програма на телевизија „Пинк“. - Тоа е нешто што сигурно ќе мораме да го поставиме како прашање во односите со нив -...

Големи одрони на патот Маврово – Дебар

Патниот правец Маврово - Дебар е попречен со големи одрони. Од АМСМ информираа дека во непосредна близина на манастирот Бигорски се одронила поголема карпа. Патот е пренасочен преку бензинската пумпа, а одронот ќе биде расчистен во текот на денот. Другите патишта во земјава се влажни, а особено внимание при возењето е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, особено на патните правци Катланово...

Стејт департмент: Договорот од Пржино е најдобриот начин за излез од политичката криза

Американскиот Стејт департмент оцени дека Договорот од Пржино е најдобриот начин за излез од политичката криза во Македонија и ги повика политичките партии да ја продолжат неговата имплементација. - Ги охрабруваме македонските лидери да го надградат напредокот што веќе го постигнаа со имплементирањето на политичкиот договор од 15 јули, кој, всушност, претставува најдобар начин за излез од кризата и за...

Хан: Ќе притиснам за итен напредок на политичкиот договор

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, денеска во Скопје ќе изврши притисок врз лидерите на политичките партии за да го спроведат Договорот од Пржино. „На пат кон Скопје, ќе се сретнам со сите политички партии за да притиснам за итен напредок на политичкиот договор“, напиша Хан на својот твитер-профил. Ова е трета посета на еврокомесарот на Македонија во...

Жолчна кавга во грчкиот парламент околу спорот за името

Жестока расправија за иницијативите на грчкото министерство за надворешни работи околу решавањето на спорот за името ја прекина дискусијата на грчкиот парламент за гласање на мерките и на обврските договорени со европските партнери. Лидерот на неонацистичката партија Златна зора, Никос Михалолиакос, среде парламентарната дискусија обелодени документ, допис од министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, со кој се бара од партијата да...

Денови на корејската култура во Скопје

Амбасадата на Република Кореја во Бугарија, во Скопје организира „Денови на корејската култура во Скопје“. За време на манифестацијата, која ќе трае од 29 до 30 октомври, посетителите ќе можат да уживаат во корејската музика, кинематографија и фотографија. Со музичкиот концерт „Музика и ритми од Кореја“, во Македонскиот народен театар ќе биде отворена манифестацијата, на која посетителите ќе имаат можност да...

Хан в понеделник во Скопје

Комесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, в понеделник ќе допатува во Скопје. - Одблизу го следиме развојот на настаните и ги повикуваме сите партии да продолжат да работат на имплементирање на Договорот од Пржино. Еврокомесарот Хан планира идната недела да ја посети земјата, поточно в понеделник - рече неговата портпаролка, Маја Коцијанчич.

EK сè уште без датум за извештаите за кандидатите за членство

Европската комисија сè уште нема одредено датум кога ќе ги објави извештаите за напредокот на земјите-кандидатки за членство во ЕУ. - Европската комисија вообичаено во овој период од годинава ги објавува извештаите за проширување. Ги објавуваме во момент кога знаеме дека со нивно усвојување и презентирање, ќе го добиеме целосното внимание на медиумите и на јавноста. Претседателот ќе го процени...

Шалом: Со Заев не разговаравме за безбедносни или финансиски прашања

Министерот за внатрешни работи и вицепремиер на Израел, Силван Шалом, имал куса и куртоазна средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за време на неговата посета на земјата, било наведено во соопштение од кабинетот на министерот, објави телевизијата „Телма“. Во соопштението, кое го пренел израелскиот амбасадор во Македонија, Дан Орјан, било нагласено дека на средбата не било разговарано за какви...

„Балкански форум за безбедност“: Бегалската криза ја прави кревка безбедносната состојба во земјава

„Балканскиот форум за безбедност“ денеска, пред студентите од Факултетот за туризам и угостителство и граѓани на Охрид, одржа дебата за бегалската криза, насловена „Европската бегалска криза - причини за нејзината појава и можни последици по безбедноста на Република Македонија“. Во фокусот на дискусијата беше Република Македонија како главна рута на бегалскиот бран, а говореа Благоја Марковски, претседател на форумот, универзитетски...

Облачно со можност за краткотраен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот се очекува појава на краткотраен локален дожд. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5 Целзиусови степени, максималната ќе достигне 23 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 20 Целзиусови...

Македонија и регионот се прегреваат, просечните температури ќе бидат и за три степени повисоки

Топлотните бранови во Северна Македонија, како и во другите држави на Западен Балкан, ќе се зголемат по интензитет, времетраење и фреквенција, веројатно за шест до осум пати годишно. Извештајот...