fbpx

Денови на корејската култура во Скопје

-

Амбасадата на Република Кореја во Бугарија, во Скопје организира „Денови на корејската култура во Скопје“. За време на манифестацијата, која ќе трае од 29 до 30 октомври, посетителите ќе можат да уживаат во корејската музика, кинематографија и фотографија.

Со музичкиот концерт „Музика и ритми од Кореја“, во Македонскиот народен театар ќе биде отворена манифестацијата, на која посетителите ќе имаат можност да ја слушнат традиционална корејска музика во изведба на светски познатиот ансамбл „Bul-se-chul“. Ансамблот е составен од осум музичари, од кои седум свират на традиционални корејски музички инструменти и едниот свири на гитара. Музиката што ја создаваат доаѓа од најантичката религија на полуостровот – шаманизмот, како и од корејската народна музика.

Вториот дел од концертот е комичниот музички невербален настап „Nanta“, кој доаѓа од традиционалниот корејски инструментален перформанс „Samulnory“. Кујната е нивната заднин, со готвачи како главни ликови. Ножевите и другиот кујнски прибор стануваат музички инструменти во рацете на изведувачите.

На 30 и на 31 октомври во Кинотеката на Македонија, ќе се одржи „Корејска филмска одисеја“. За време на овие два дена, македонската јавност ќе има можност да погледне некои од најпопуларните корејски филмови: „Ода за татко ми“ (Ode To My Father), „Маскенбал“ (The Masquerade), „Монструмот“ (The Host), „Тајно, величествено“ (Secretly, Greatly), „Кралскиот кројач“ (The Royal Tailor). Освен „Корејската филмска одисеја“, на 30 и на 31 октомври во Кинотеката на Македонија, сите македонски граѓани ќе имаат можност да ја погледнат изложбата слики на платно со мотиви од Сеул на уметникот Симон Калајџиев и изложбата на фотографии „Впечатоци од Кореја“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...