fbpx
Таг: кривична пријава

таг: кривична пријава

Каракачанов: Нема основа нацијата создадена во Москва да има малцинство во Бугарија

На само еден ден откако се нафрли на Стејт Департментот на САД, нарекувајќи ги „никаквеци“ поради тоа што во годишниот извештај за човековите права за Бугарија побарале да се признае македонско малцинство во земјата, Красимир Каракачанов, бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, како и претседател на националистичката ВМРО-БНД, денеска повторно во телевизиско гостување излезе со своите тези на негација...

Поднесена кривична пријава за нелегално насипување на земја и шут на брегот од Охридското езеро во населба Далјан

Државниот инспекторат за животна средина во рамките на инспекциска постапка утврди дека на потегот помеѓу хотел Далјан и Дом за стари лица во изградба, на површина од 964 квадратни метри на брегот од Охридското езеро и во самото езеро, фрлен е градежен шут и насипана е земја од ископ на темели од непозната локација. Во координација со Министерството за внатрешни...

Обвинителство гони осум вработени во МВР за злоупотреби при издавање на возачки дозволи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица вработени во Министерството за внатрешни работи – Одделение за управни работи Скопје за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик. „Осомничените, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, за повеќе граѓани креирале барања, спроведувале процедури...

Богдановиќ поднесе кривична пријава против управителот на кафе барот „Интермецо“

Денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во Основното јавно обвинителство поднесе кривичната пријава против Димитрије Јовановиќ, управител на кафе-барот Интермецо во Капиштец, откако претходно локалот не ја испочитува изречената забрана за работа од 30 дена и продолжи со работа. Пред само неколку дена, Богдановиќ преку Фејсбук објава најави дека ќе поднесе кривична пријава бидејќи поставената пломба на влезот на...

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Лидија Димова и три други лица

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Лидија Димова во својство на директор на Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност, З.З. - сопственик и управител на Друштвото за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛ Скопје, А.Г. - надворешен соработник во Националната Агенција за европски...

Кривична пријава поради непочитување на мерките за заштита од ковид-19, била организирана свадба во Арачиново

Синоќа околу 21 часот полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од корона вирусот, во угостителски објект во Арачиново. Притоа, во објектот се одржувала семејна веселба (свадба), на која биле затекнати 200 лица. „Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени...

Народна банка поднесе кривична пријава против поранешни челници на „Еуростандард банка“

Народната банка до Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје - сега во стечај. Поднесената кривична пријава е во согласност со членот 181 од Законот за банките, со којшто се нормира кривичното дело - Предизвикување стечај на банка. „Истовремено, до Јавното обвинителство, Народната банка предложи и преземање мерки коишто се во насока на...

МВР поднесе кривична пријава за бесправно градење пред ДТЦ Мавровка

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.А. (34) заради постоење на основано сомневање дека пријавениот е сторител на кривично дело „бесправно градење“ по чл.244-а од КЗ на објект бесправно изграден на булевар Гоце Делчев, на платото пред ДТЦ Мавровка. „Од страна на СВР Скопје - Единица за економски и...

Браќата Усеини сами се пријавиле во охридската полиција

Нефи Усеини и неговиот брат денеска сами се пријавиле во охридската полиција откако судот им изрече мерка притвор во траење од осум дена за инцидентот што се случи минатата недела, потврдија од СВР Охрид за „Мета.мк“. Претходно полицијата не можеше да им влезе во трага откако браќата добија кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“...

Нема потерница за браќата Усеини кои се во бегство

Полицијата не може да им влезе во траг на Нефи Усеини и неговиот брат кои се обвинети за напад врз нивниот сограѓанин, Спире Топалоски. Засега, министерството за внатрешни работи во делот за потраги нема објавено податоци за распишана домашна или меѓународна потрага по браќата Усеини. Прехтходно СВР Охрид поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство против Нефи Усеини и неговиот брат...

СВР Охрид поднесе кривична пријава за насилство против Нефи Усеини

Охридската полиција поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство против Нефи Усеини и неговиот брат од Охрид. Како што информираат од СВР Охрид, пријавата за Н.У.(45) и И.У.(48) е поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“. По наредба на Јавен обвинител, СВР Охрид синоќа изврши претрес во домовите на пријавените. Прехтодно...

МВР со кривични пријави за кражба за 10-мина вработени во Поштата во Чаир

Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе поднесе кривични пријави против десет лица вработени во Поштата во Чаир, кои ги товари за кражба и за фалсификување, односно за проневера во службата и фалсификување службена исправа. Деветтемина пријавени и нивниот шеф се сомничат дека присвоиле пари од трансакциски сметки на граѓани. МВР ги сомничи З.Х. (29), Р.И. (34), И.Е.М. (32), С.П. (53),...

Досега 533 граѓани добиле кривични пријави за непочитување на самоизолацијата и полицискиот час

Движењето надвор за време на полицискиот час и непочитувањето на мерките за самоизолација и карантин доведе до тоа 533 граѓани да добијат кривични пријави со вкупна вредност од неколку стотици илјади евра. Основното јавно обвинителство ги објави збирните информации за предмети во сите јавни обвинителства низ градовите во државата по членовите 205 или 206 од Кривичниот законик, како и...

Скопјанец позитивен на корона вирусот непречено си се шетал низ Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишниот Д.А. од Скопје. - На 13-ти март 2020 година, кога од Австрија пристигнал во Република Македонија, тој потпишал изјава за самоизолација, која ја прекршил на 20.03.2020 година, кога во Скопје се упатил во болничка установа со...

Кривични пријави против Александар Вучиќ и Синиша Мали поради одбегнување на самоизолација

Српскиот „Топлички центар за демократија и човекови права“ поднесе кривични пријави против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и против српскиот министер за финансии Синиша Мали поради непостапување по здравствените прописи во време на епидемија, оти не се придржувале кон одредбата за самоизолација по враќањето од Унгарија, во време кога во Србија имало вонредна состојба. Организацијата наведува дека Вучиќ и Мали...

МВР: 103 лица не го почитувале полицискиот час во текот на вчерашната ноќ

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека 103 лица не го почитувале полицискиот час во текот на вчерашна ноќ. Поради непочитување на забраната за движење во периодот од 21 до 5 часот, ноќта меѓу 24 и 25 март биле приведени 63 лица во полициска станица, 31 лице биле опоменати и воедно биле сочинети и девет записници на место на...

За непочитување на полицискиот час парични казни или затвор до една година

Јавното обвинителство ја известува јавноста дека непочитувањето на полицискиот час којшто почнува вечерва ќе значи извршување на кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од членот 206 од Кривичниот законик. „Со Одлука на 25 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 21 март, на подрачјето на целата држава се воведува забрана за движење на населението...

МВР реди кривични пријави за граѓаните кои не ја почитуваат мерката за самоизолација

Петмина битолчани, четворица прилепчани, двајца кумановци и еден охриѓанец добија кривични пријави од МВР за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Станува збор за лица кои за време на пандемија дошле во нашата држава од ризични држави, при што на влез во земјата од страна на Државен санитарен и здравствен инспекторат им биле издадени писмени Решенија за...

Кичевското обвинителство поднесе кривична против Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево соопшти дека поднело Обвинителен предлог против Ел Чека, кој еден месец наназад објавува прислушувани разговори од врвот на ДУИ, обвинувајќи ги за криминал. Тој од Чикаго, каде живее, а е по потекло од кичевското село Туин, објавува прислушувани разговори за кои тврди дека ги добил од припадниците на групата од случајот „Диво насеље“. Обвинителството го товари за...

Директорот на ИЈЗ доби кривична за нанесена штета од 662.000 евра

Директорот на Институт за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мемети, но и раководител на Секторорот за логистика и правно-финансиски работи и референт на наплата на побарувања, добија кривични пријави од Управата за финансиска полиција (УФП), која ги товари дека нереагирајќи да се наплатат долгови, му нанеле на ИЈЗ штета од речиси 40,71 милиони денари, односно малку помалку од 662.000 евра. Мемети...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...