fbpx
Таг: кривична пријава

таг: кривична пријава

Кичевското обвинителство поднесе кривична против Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево соопшти дека поднело Обвинителен предлог против Ел Чека, кој еден месец наназад објавува прислушувани разговори од врвот на ДУИ, обвинувајќи ги за криминал. Тој од Чикаго, каде живее, а е по потекло од кичевското село Туин, објавува прислушувани разговори за кои тврди дека ги добил од припадниците на групата од случајот „Диво насеље“. Обвинителството го товари за...

Директорот на ИЈЗ доби кривична за нанесена штета од 662.000 евра

Директорот на Институт за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мемети, но и раководител на Секторорот за логистика и правно-финансиски работи и референт на наплата на побарувања, добија кривични пријави од Управата за финансиска полиција (УФП), која ги товари дека нереагирајќи да се наплатат долгови, му нанеле на ИЈЗ штета од речиси 40,71 милиони денари, односно малку помалку од 662.000 евра. Мемети...

Кривична пријава за директорот на МРТ оти го заложил имотот на куќата

Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) поднесе кривична пријава против директорот на Македонска радиотелевизија (МРТ), Марјан Цветковски, но поради дело од 2015 година, кога исто така беше директор на јавната радиодифузна куќа. Финансиска полиција го товари Цветковски дека во 2015 година без да побара и да добие согласност од Собранието, кое е основач и...

Обвинителството се откажува од гонење за случајот со вториот пензиски столб

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) денеска соопшти дека нема да покрене обвиненија во случајот со вториот пензиски столб, односно за неадекватна распределба на парите на голем број осигуреници во првиот и во вториот пензиски столб. Кривична пријава против непознати лица за вакви нерегуларности до обвинителството поднесе Министерството за труд и социјална политика (МТСП). „Во неа се наведуваше дека во...

Корисниците на парно од БЕГ оштетени за 6,66 милиони евра, МВР со кривични пријави за поранешна Регулаторна

МВР поднесе кривична пријава против поранешни членови на Регулаторната агенција за енергетика (РКЕ), поради издавање лиценца за работа на „Балкан енерџи груп“, кој е операторот што снабдува најголем дел од Скопје со топлинска енергија, но и поради тоа што овозможиле оваа компанија незаконски да дојде до поголем профит. Вкупната штета што со тоа им е нанесена на приклучените на парно...

Кривични пријави за дел од поранешниот менаџмент на охридската Oпшта болница

СВР Охрид поднесе кривични пријави против поранешни директор и помошник директор за економски работи во Општата болница во Охрид поради тоа што овозможиле докторантка да отсуствува од работа поради специјализација многу подолго од законски предвиденото. Тие се товарат за несовесно работење во службата, а кривична пријава има и за докторантката. „Од ноември 2013 до август 2017 година, 62-годишниот Љ.А. и...

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за поранешниот прв човек на ФФМ

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, доби кривична пријава за Управата за финансиска полиција, која го товари за даночно затајување и за фалсификување или уништување на деловни книги. Кривична пријава има и за ФФМ поради делата што ги направил поранешниот нејзин прв човек. Како што соопштија од Финансиска полиција, Ѓорѓиоски во завршната сметка на ФФМ за...

Финансиска полиција со кривична пријава за екс-градончаланикот на Штип, Илчо Захариев

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставила кривични пријави против поранешниот градоначалник на Штип, Илчо Захариев, директорот на ЈП „Стипион 2011“ И.И и Р.Г во својство на управител на правниот субјект „Коле транс“. „Пријавениот И.З. во својство на градоначалник на Општина Штип во текот на 2016 година ја злоупотребил својата службена...

МТСП ќе поднесе кривична пријава, поради неправилна распределба на пензиите

Министерството за труд и социјална политика (МТСП)  соопшти дека денеска до Основното јавно обвинителство ќе достави кривична пријава против непознат сторител и сите документи од анализата на пензискиот систем со која беа откриени неправилностите во распределувањето придонеси за дел од идните пензионери. „Имено, темелните истражувања на пензискиот систем кои ги направи Министерството за труд и социјална политика со Меѓународните финансиски институции...

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Џафери и директорот на Службен весник

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на денешната прес-конференција најави кривична пријава против Талат Џафери и директорот на Службен весник, Мартин Костовски за објавувањето на Законот за употреба на јазиците без потпис од претседателот на државата Ѓорге Иванов. Тој повика сите институции на централно и локално ниво да го игнорираат и бојкотираат операционализирањето на законот за двојазичност. - Секое објавување во...

Кривична пријава за скопјанец што на Фејсбук им се заканувал на пратеници

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во координација со Основното јавно обвинителство - Скопје, почнал постапка поради објава на Фејсбук од страна на Б.Б. (49) од Скопје. Од полицијата велат дека тој „предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието“ и „ширел расистички и ксенофобичен материјал“. Б.Б. вчера бил повикан на службен разговор во полициска станица, а...

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против новинарот Бранко Тричковски

Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрлило кривичната пријава поднесена од МВР против новинарот Бранко Тричковски, соопштија од Обвинителството. Кривичната пријава беше за загрозување на сигурноста, потоа за повик на убиство на претставници од највисоките државни органи од член 309 на Кривичниот законик, како и за повикување на насилна промена на уставниот поредок и за предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз...

Фазлиу: Раководителот на Финансиска полиција да се зафати со вистинскиот криминал

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, против кого Управата за финансиска полиција вчера поднесе кривична пријава за овозможување незаконска исплата на хонорари во износ од 37.750 евра, денеска се огласи со реакција. Фазлиу порачува дека тој нема одговорност во овој случај, туку дека вината треба да се бара кај неговиот претходник, кој исто така доби кривична пријава вчера за овој...

Кривични пријави против сегашниот и поранешниот министер за локална самоуправа

Актуелниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, како и неговиот претходник Лирим Шабани, министер за локална самоуправа во периодот 2015-2017 година, потоа една државна советничка од Министерството за локална самоуправа како и една одговорна службеничка за спроведување на ИПА Оперативната програма меѓу Македонија и Бугарија, денеска добија кривични пријави за незаконска исплата на хонорари во износ од 37.750 евра. Управата...

Во Македонија „врие“ од говор на омраза, но случаите ретко имаат судска завршница

Од стапувањето на сила на новите законски измени на Кривичниот законик за говор на омраза во февруари 2014 година, Кривичниот суд Скопје има осудено само две лица со парична глоба поради говор на омраза. Бројот на казни е многу мал, споредено со пријавите на дигиталната платформа „Пријави и спротивстави се на говорот на омраза" каде за истиот период се евидентирани...

ОЈО Скопје ја отфрли пријавата против 10 судии за бегството на Грујевски и Бошковски

Основното јавно обвинителство денеска соопшти дека ја отфрлило кривичната пријава поднесена од Здружението за истражување, развој и анализа „Зелена лупа“ против десет судии, со која тие се товареа за злоупотреба на службената положба и овластување. „Зелена лупа“, чиј претседател е Ване Цветанов, поранешниот прв човек на Управата за спречување перење пари, поднесе кривични пријави за судиите што одлучувале за притвор...

Обвинителството за организиран криминал го презеде случајот „Мост Око“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го презело од Основното јавно обвинителство - Скопје, случајот за изградбата на мостот „Око“ во Скопје. Во овој случај осомничени се поранешниот градоначалник на Центар, бизнисменот Владимир Тодоровиќ и двајца негови тогашни соработници. Обвинител донел наредба за истражна постапка против тројцата. Осомничените, во периодот 2009 – 2012 година во постапката за...

Екс-градоначалникот на Демир Капија подарил половина објект и Фондација на роднини

Управата за финансиска полиција соопшти дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против поранешниот градоначалник на општина Демир Капија, Трајче Димитриев (61), во врска со малверзации со општински објект, како и против Т.П. (48), овластен проценител и П.М. (60) тогашен претседател на Совет на...

Обвинителство: На референдумот регистрирани 40 нарушувања

Јавното обвинителство на Република Македонија денеска ја објави информацијата за привремената комисија што ги  следеше нерегуларностите и инцидентите во кампањата и на денот на референдумот. Вкупно се регистрирани 40 нерегуларности, а од нив еден случај е во текот на кампањата, за повик за поткуп на гласачи на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје. Нерегуларности на денот на референдумот не се регистрирани...

СВР Куманово со кривична пријава против Јанкулоска

Секторот за внатрешни работи Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Г.Ј.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 став 3 и став 5 од  Кривичниот законик на Република Македонија, информира МВР. „Г.Ј., поранешен министер за внатрешни работи на Република Македонија, во текот...

Словенечкиот премиер е надовор од животна опасност но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...