fbpx

Обвинителството се откажува од гонење за случајот со вториот пензиски столб

-

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) денеска соопшти дека нема да покрене обвиненија во случајот со вториот пензиски столб, односно за неадекватна распределба на парите на голем број осигуреници во првиот и во вториот пензиски столб. Кривична пријава против непознати лица за вакви нерегуларности до обвинителството поднесе Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

„Во неа се наведуваше дека во период од 2006 година не се вршени распределби на осигуреници кои ги исполнувале законските услови за членство во капитално – финансирано пензиско осигурување според законски дефинирани услови, односно Втор пензиски фонд. Пријавителот, МТСП, наведува и дека во подготвениот Извештај од извршена детална анализа подготвена од консултант од Светска банка, а по барање на МТСП, констатирани се сериозни недостатоци. Се наведува дека постојат 12.000 осигуреници кои се опфатени во систем на задолжително пензиско осигурување, а не се евидентирани како членови на приватните пензиски друштва. Истовремено за нив, делот од 6 отсто од придонесите не е трансфериран во приватно пензиско друштво“, се објаснува во соопштението.

ОЈО Скопје објаснува дека откако е поднесена кривичната пријава биле испитани голем број лица, а притоа било констатирано и дека комисијата формирана за вршење надзор на работата на ПИОМ не доставила извештај за извршен надзор, додека пак директорот и вработени во ПИОМ рекле дека парите не се префрлале во приватните фондови поради проблеми со софтверот, но дека „е појаснето дека тие пари се на сметката на фондот и иако не биле префрлени – не може да се користат за други намени освен за пензиите“.

Според обвинителството, пак, од Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), како орган кој ги контролира и заштитува интересите на осигурениците, рекле дека МАПАС „имал сознанија дека во определен период не се уплаќани придонеси на осигуреници во приватните пензиски столбови, дека е можно да постои штета, но само во однос на приносот кој би го оствариле доколку нивните приноси биле капитализирани“.

Покрај ваквата одлука, Владата пред неколку месеци донесе одлука од буџетот да надомести 19 милиони евра на осигурениците за кои смета дека се оштетени од неправилно префрлање на пензиските придонеси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...