fbpx

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против новинарот Бранко Тричковски

-

Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрлило кривичната пријава поднесена од МВР против новинарот Бранко Тричковски, соопштија од Обвинителството.

Кривичната пријава беше за загрозување на сигурноста, потоа за повик на убиство на претставници од највисоките државни органи од член 309 на Кривичниот законик, како и за повикување на насилна промена на уставниот поредок и за предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа. Кривичната пријава беше поднесена поради колумна на Тричковски.

„Јавниот обвинител ја анализираше објавената колумна на пријавениот, како и  неговите објави на една социјална мрежа кои беа предмет на известувањето доставено од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи. Заради оцена на наводите во кривичната пријава, пријавениот беше повикан на распит во Основното јавно обвинителство Скопје“, објаснија од Обвинителството.

Според одлуката на јавниот обвинител, делата за кои бил пријавен Тричковски не се дела за кои се гони по службена должност, односно „во пријавените предметни настани не се содржани суштествените обележја на пријавените кривични дела“.

Во соопштението се напоменува дека јавниот обвинител се водел од праксата на Европскиот суд на човекови права и обврската да се обезбеди заштита на слободата на говорот во демократско општество „особено имајќи го предвид тоа што пријавениот во овој предмет е новинар, а оштетените се политичари“. Обвинителот сепак проценил дека слободата на изразување не е апсолутно право и дека не ги негувал културата на говорот и етиката.

„Пресудите на Европскиот суд упатуваат на фактот дека иако политичарите имаат право на еднаква заштита како и сите други, границите за новинарите се пошироки за изнесување на критицизам и мора да се избалансирани со јавниот интерес за отворена дискусија во однос на политички прашања. Пријавениот, во својот исказ пред јавниот обвинител, потенцирал дека никогаш немал вистинска намера да изврши кривично дело, туку со изнесените ставови само сакал да апелира кон наведените политичари да го променат своето однесување. Сепак, анализирајќи го предметот во целост, јавниот обвинител констатира дека слободата на изразување не е апсолутно право и дека пријавениот во изразувањето на своето мислење не ја негувал културата на говорот и етиката, па со тоа ги повредил честа и угледот на споменатите политичари“, се вели во образложението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...