fbpx

Кривични пријави против сегашниот и поранешниот министер за локална самоуправа

-

Актуелниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, како и неговиот претходник Лирим Шабани, министер за локална самоуправа во периодот 2015-2017 година, потоа една државна советничка од Министерството за локална самоуправа како и една одговорна службеничка за спроведување на ИПА Оперативната програма меѓу Македонија и Бугарија, денеска добија кривични пријави за незаконска исплата на хонорари во износ од 37.750 евра.

Управата за финансиска полиција ги товари актуелниот и претходниот министер, како и М.М.П., државна советничка за европски интеграции во министерството, но и четврто пријавената Б.Р. за договори со кои последните две, иако редовно вработени во Министерството, преку четири договори како дополнително ангажирани лица, добиле хонорари во вкупен износ од 2,2 милиони денари (35.750 евра).

Притоа, како што вели Финансиска полиција, за да се прикрие трагата, сите четиримина дозволиле наместо лични податоци, во договорите за хонорарите советничката и одговорната да бидат наведени како „експерт бр. 12“ и „експерт бр. 13“.

Од Финансиска полиција објаснуваат дека оваа малверзација ја открил Ревизорскиот извештај бр. 2007СВ161РО007-2009-ТА-006, со кој е утврдена незаконска исплата на вработени што биле ангажирани како експерти. Според Државниот завод за ревизија, станувало збор за 2.198.243 денари (35.571 евра), кои Министерството за локална самоуправа ги вратило на ИПА Фондовите, а со тоа предизвикало штета на сопствениот буџет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...