Директорот на Институт за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мемети, но и раководител на Секторорот за логистика и правно-финансиски работи и референт на наплата на побарувања, добија кривични пријави од Управата за финансиска полиција (УФП), која ги товари дека нереагирајќи да се наплатат долгови, му нанеле на ИЈЗ штета од речиси 40,71 милиони денари, односно малку помалку од 662.000 евра.
Мемети и раководителот В.С., како и З.Б., во периодот од 2010 до 2017 година не презеле мерки и дејствија за наплата на побарување на ИЈЗ кон граѓани и фирми, и со тоа нанеле штета на буџетот на јавната установа, вели УФП.