fbpx

МВР со кривични пријави за кражба за 10-мина вработени во Поштата во Чаир

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе поднесе кривични пријави против десет лица вработени во Поштата во Чаир, кои ги товари за кражба и за фалсификување, односно за проневера во службата и фалсификување службена исправа. Деветтемина пријавени и нивниот шеф се сомничат дека присвоиле пари од трансакциски сметки на граѓани.

МВР ги сомничи З.Х. (29), Р.И. (34), И.Е.М. (32), С.П. (53), А.Ќ. (45), Ф.Љ. (35), Л.И. (26), М.Т. (62), Н.К. (55) и Х.Х. (42), сите од Скопје, вработени во АД „Пошта на Северна Македонија”, подружница Чаир, дека во вкупно 26 наврати од февруари до ноември минатата година фалсификувале 26 налози за исплата -Образец ПП40, од лични трансакциски сметки на 26 физички лица, депоненти во банка од Скопје.

Според утврденото, се сомничат дека за сметка на раководителот украле вкупно 1,57 милиони денари (речиси 25.500 евра).

Истрагата на Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје била почната по пријава од Скопската подружница на Пошта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...