fbpx

Богдановиќ поднесе кривична пријава против управителот на кафе барот „Интермецо“

-

Денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во Основното јавно обвинителство поднесе кривичната пријава против Димитрије Јовановиќ, управител на кафе-барот Интермецо во Капиштец, откако претходно локалот не ја испочитува изречената забрана за работа од 30 дена и продолжи со работа.

Пред само неколку дена, Богдановиќ преку Фејсбук објава најави дека ќе поднесе кривична пријава бидејќи поставената пломба на влезот на локалот беше отстранета.

„Кривичната пријава против управителот Јовановиќ е поднесена согласно членот 389 од Кривичниот законик, односно за сторено кривично дело – симнување или оштетување на службен печат или знак што го ставило овластено лице заради осигурување на предмет или просторија. Согласно овој член, оној што ќе влезе во ваква просторија или отвори осигурен предмет, се казнува парично или со затвор до три години“, соопштија од Општина Центар.

Оттаму информираат дека кривичната пријава до ОЈО општината ја поднесува сѐ со цел обвинителството да ги преземе сите потребни правни дејствија во насока на утврдување на фактичката состојба со кршењето на законот од страна на кафе барот.

Инаку Секторот за инспекциски надзор на Општина Центар донесе решение со кое му забрани на локалот да врши дејност во рок од 30 дена, по претходни пријави и континуирани поплаки од страна на жителите за преголема бучава. Кафе-барот во август доби казна од 6.000 евра поради гласна музика.

Градоначалникот Богдановиќ и Општина Центар апелираат до сите сопственици, менаџери и управи на локалите на територија на општината, да се придржуваат до правилата и законските одредби за бучава и да не ги надминуваат дозволените нивоа на гласност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...