fbpx

За непочитување на полицискиот час парични казни или затвор до една година

-

Јавното обвинителство ја известува јавноста дека непочитувањето на полицискиот час којшто почнува вечерва ќе значи извршување на кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од членот 206 од Кривичниот законик.

„Со Одлука на 25 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 21 март, на подрачјето на целата држава се воведува забрана за движење на населението во временски период од 21:00 – 06:00 часот, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението. Забраната стапува на сила денеска“, се вели во соопштението на ОЈО.

Од обвинителството информираат дека за ова кривично дело се одговара кога за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не се постапува според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување.

Кај физичките лица, непочитувањето на полицискиот час повлекува парична казна или казна затвор до една година, а ќе се казнува во согласност со став 1 од член 206. За правните лица, непочитувањето на полицискиот час повлекува парична казна до 30 милиони денари, по став 2 од член 206 од Кривичниот законик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...