fbpx
Таг: ковид

таг: ковид

И во приватниот сектор да се работи само со потврда за вакцина, негативен тест или прележан Ковид-19, предлага Стопанската комора

Вработените во приватниот сектор, за време на извршување на работата да исполнуваат еден од условите за заштита од корона вирусот – вакцинација, прележан Ковид-19 или да се тестираат, предложи Стопанската комора на Северна Македонија. Комората реагираше откако денеска министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека Комисијата за заштита од заразни болести ќе предложи на Владата нови мерки, односно сите вработени...

Од 4.207 вакцини ставени вчера, дури 1.732 биле трета доза

Како што соопшти Министерството за здравство (МЗ), во текот на вчерашниот ден биле ставени вкупно 4.207 дози вакцини, од кои 1.515 се дадени како прва доза, 930 граѓани се ревакцинирани, а 1.732 ставени вакцини биле трета доза. Заклучно со 16 ноември, во земјава вкупно се вакцинирани 817.079 граѓани на Северна Македонија, ревакцинирани се 786.941, а трета доза примиле 58.132 граѓани....

Вистиномер: Фејсбук објава паушално тврди дека ковид е лага

Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот е реалност, а тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени и починати луѓе од вирусот низ целиот свет. Според последните податоци од СЗО, заклучно со 15 ноември 2021 година, во светот има вкупно  254.189.143 потврдени случаи, а бројот на починати е над пет милиони –  5.118.348. Кај нас од почетокот на пандемијата досега...

Денеска нови 524 случаи на ковид-19 од 3.126 тестирања, починати се 9 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.126 тестирања, а регистрирани се 524 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во Скопје - 215, Битола - 44 и Кавадарци - 27. Во моментов вкупниот број на активни случаи на ковид-19 во земјава се искачи на 8.271, додека во Македонија од почетокот на ковид-19 пандемијата се...

Вистиномер: Не е точно дека 80 отсто од вакцинираните се на интензивна нега

Последната анализа на Министерството за здравство за периодот од 6 август до 4 ноември, покажува дека 72 отсто од заболените и 78 отсто од хоспитализираните со ковид-19 се невакцинирани, пишува „Вистиномер“ во својата анализа на една дезинформација. Текстот го пренесуваме во целост подолу: Во пост на Фејсбук, авторот со антиваксерски тонови вакцинираните лица ги нарекува измамени и со повеќе прашања-тврдења повикува...

Откриени уште 172 случаи на ковид-19 во последните 24 часа, девет лица починале

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 1.483 тестирања, а регистрирани се 172 нови случаи на ковид-19: Скопје – 107, Охрид – 11, Битола – 8, Кавадарци и Штип – по 6, Велес и Струга – по 5, Струмица – 4, Свети Николе и Кратово – по 3, Прилеп, Крива Паланка, Делчево...

Вистиномер: Нема графен оксид во вакцините против ковид

Не е вистина дека вакцините против ковид содржат состојка графен оксид. Овој материјал не е наведен во составот на ниту една вакцина, самата компанија „Фајзер“ го негира неговото присуство во вакцината, а истражувањето посочено како извор во постот, е некредибилно и од него се дистанцира универзитетот Алмериа во Шпанија. Оваа дезинформација е побиена повеќепати досега, но сепак таа и...

Регистрирани 528 нови случаи на ковид-19 и 13 починати пациенти

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 4.323 тестирања, а регистрирани се 528 нови случаи на ковид-19: Скопје – 200, Битола – 53, Прилеп – 42, Кавадарци – 34, Велес – 24, Кочани – 22, Штип – 19, Куманово – 18, Охрид – 13, Струмица и Гевгелија – по 10, Крива Паланка и...

Вистиномер: Не е точно дека никој во „Фајзер“ и „Бионтек“ не се вакцинирал против ковид

Изјава на доктор Угур Сахин, еден од основачите на компанијата „Бионтек“, дадена на крајот на 2020 година, е злоупотребена во постот за лажно да се тврди дека вработените, сопствениците и директорите на „Фајзер“ и „Бионтек“ не се вакцинирани. Тоа не е точно. Угур Сахин и неговата сопруга Озлем Туречи, исто така, основач на „Бионтек“, во интервјуто дадено  во септември...

Вистиномер: Алфред Цако повторно ja мами јавноста

Непрофесионалните медиумски производи претставуваат сериозен ризик за јавното мислење. Ризикот станува уште поголем кога на нерелевантни лица им се дава медиумски простор да шират хаос и паника кај читателите. Типичен пример за ова е содржината што ја рецензираме, во која контроверзна личност, која веќе стана „јавна личност“, без никакви факти или научни извори тврди дека за еден месец светот...

Вистиномер: Не е дојден крајот на ковид пандемијата во Србија

Пандемијата со ковид во Србија не е завршена, а такво нешто не се ни предвидува дека ќе се случи наскоро за целиот регион, особено поради зимскиот период кој ни претстои и во чиј пресрет веќе се регистрирани зголемени бројки на инфекции и хоспитализации. Само во последните 24 часа во Србија, според официјалните статистики на Министерството за здравство, регистрирани се...

Вистиномер: Не е точно дека 70 проценти од вакцинираните заболеле од коронавирусот во Израел

Во Израел вакцинирани со една доза се 6.243.281 лица, со две дози 5.738.253 и со три дози 3.973.121 лице. Досега во Израел има регистрирано 1.331.519 случаи, што не е 70 проценти од ниту една од бројките погоре, било да се мисли на оние вакцинирани со 1 доза, со две дози или со три дози. Тоа може да се провери...

Вистиномер: Лага е дека вакцината против ковид-19 била создадена пред појавата на пандемијата

Постот неосновано шири дезинформации дека вакцината против ковид-19 била направена пред појавата на пандемијата на коронавирус. Ова не е точно, а тоа го потврдуваат фактите, пишува „Вистиномер“ во својата нова анализа на една дезинформација. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Објава на Фејсбук ја манипулира јавноста дека вакцината против ковид-19 била создадена пред вирусот да биде јавно познат. Јасно ви е дека вакцината...

Во изминатите четири дена ставени 8.158 дози вакцини

Во четвртокот, во петокот и во текот на викендот се дадени вкупно 8.185 дози вакцини, од кои 1.706 се дадени како прва доза, 1.899 граѓани биле ревакцинирани, а 4.590 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 7 ноември, односно вчера, вкупно се вакцинирани 809.293 граѓани, ревакцинирани се 780.456, а трета доза примиле 43.376 граѓани. Околу 54 отссо од граѓаните над...

Вистиномер: Не е точно дека за 6.400 отсто се зголемил бројот на фудбалери што колабирале на стадионите

Навистина тие фудбалери кои се наведени во листата доживеале некаков вид на потешкотии на теренот, колабирале или имале срцеви проблеми, некои од нив дури и починале, меѓутоа, тоа да се доведува во корелација со вакцината е неточно, затоа што дел од нив не се воопшто ни вакцинирани. Дефинитивно е неточно и дека пораснал бројот на колабирања откако е почната...

Фајзер: Експериментална пилула против ковид-19 ги намалува смртните случаи и хоспитализациите за 90 отсто

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ денеска соопшти дека експерименталната пилула против ковид-19 што ја развива ги намалува за 90 отсто стапките на хоспитализација и смрт кај возрасните со висок ризик, јави АП. Во моментот голем број истражувачи низ светот се обидуваат да создадат пилула против ковид-19 што би можела да се пие како и други лекови, дома, и така да се ублажи...

Вистиномер: Вакцинираните со кинески вакцини и руската Спутник „заглавени“ на патот кон европските земји

Во продолжение ја пренесуваме анализата на „Вистиномер“ за процентите на вакцинирани граѓани со различните вакцини и информации каде во европските земји може да патуваат граѓаните што примиле една од двете кинески вакцини или руската „Спутник В“: Македонските здравствени власти неодамна објавија дека секој граѓанин, без разлика на возраста, може да се пријави да прими трета доза од вакцината против ковид,...

Вчера аплицирани 3.838 дози вакцини против ковид-19, најголем интерес има за трета доза

Имунизацијата на населението против ковид-19 во земјава продолжува првенствено за оној дел од популацијата којшто веќе прими две дози вакцини. Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден биле аплицирани вкупно 3.838 дози вакцини, од кои 758 се аплицирани како прва доза, 787 се ревакцинирани, а 2.293 граѓани примиле трета доза вакцина. „Заклучно со 3 ноември вкупно се...

Вистиномер: Од запрашување со авиони не расте бројот на ковид позитивни

Конспиративните теории поврзани со „кемтрејлс“ се категорично отфрлени од научната заедница и истите досега се повеќепати разоткриени од проверувачите на факти. Белата трага што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Тврдењето во постот дека после секое прскање од авиони се зголемува бројот на заразени од ковид-19 е бесмислено, затоа што вирусот се пренесува...

Девојка на 17 години со јувенилен дијабетес почина од ковид-19

Пациентка на 17 годишна возраст со јувенилен дијабетес тип 1 утрово починала на Клиниката за инфективни болести во Скопје како последица на заболување со ковид-19, информира Министерството за здравство. Како што соопштија оттаму, девојката била од село Сопотница, Демир Хисар, и немала примено вакцина против ковид-19. Нејзините тегоби започнале 9 дена пред да биде примена на Инфективната клиника во Скопје. „Според...

Кривична пријава против вработена во СВР Скопје, примала мито од 12.500 евра

Поднесена е кривична пријава против 41-годишната И.М. од селото Буковиќ во скопската општина Сарај, а која била вработена во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични...