Во изминатите четири дена ставени 8.158 дози вакцини

Фото: Мета.мк

Во четвртокот, во петокот и во текот на викендот се дадени вкупно 8.185 дози вакцини, од кои 1.706 се дадени како прва доза, 1.899 граѓани биле ревакцинирани, а 4.590 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 7 ноември, односно вчера, вкупно се вакцинирани 809.293 граѓани, ревакцинирани се 780.456, а трета доза примиле 43.376 граѓани. Околу 54 отссо од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 5 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на дадени вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37 отсто примила две дози вакцина.