Денеска нови 524 случаи на ковид-19 од 3.126 тестирања, починати се 9 лица

Фото: Vladimir Fedotov on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.126 тестирања, а регистрирани се 524 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во Скопје – 215, Битола – 44 и Кавадарци – 27. Во моментов вкупниот број на активни случаи на ковид-19 во земјава се искачи на 8.271, додека во Македонија од почетокот на ковид-19 пандемијата се регистрирани вкупно 209.971 заразено лице.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Крива Паланка (67г, 73г, и 81г), 2 лица од Скопје (71г, и 77г) и по едно починато лице од Битола (75г), Кочани (78г), Пробиштип (66г), и Тетово (67г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени 8 починати лица со датум на смрт од 24.10.2021 до 13.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Велес(2), Гевгелија (1), Крива Паланка(1), Кочани (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 66-94г, од кои 5 лица се починати во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.

Со најновиот биланс, бројот на починати лица од ковид-19 во земјава се искачи на 7.354.

Во изминатово деноноќие регистрирани се 565 оздравени пациенти од ковид-19, со што вкупниот број на оздравени пациенти од почетокот на пандемија изнесува 194.346.