Таг: ковид
таг: ковид
Даниловски: Четврта доза е оправдано да примат само највозрасните граѓани
Четврта доза е оправдано да примат само најстарите граѓани, како и оние со имунодефицитни состојби (лица кои примаат имуносупресивна терапија заради одредени здравствени проблеми) и други тешки хронични заболувања, смета епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски. За Мета.мк тој вели дека за нив ќе биде потребна не само четврта доза, туку и периодични дози на сезонска основа.
„Сите други, значи, оние...
Вистиномер: Омикрон не ги заразува исклучиво вакцинираните
Од извештајот на Центарот за контрола на заразни болести од САД, произлегува дека од 43 пациенти, 34 примиле две дози вакцина. Тоа значи дека останатите не примиле две дози, односно се невакцинирани. Оттука невистинито е да се тврди дека омикрон ги погодува ИСКЛУЧИВО вакцинираните. Случаите кои се потврдени со омикрон, се лица кои во најголем дел патувале и се...
Вистиномер: Омикрон не е лага, туку потврдена варијанта на коронавирусот во 63 земји во светот
Наспроти невистините што ги шири оваа објава на Фејсбук, во Африка не само што има утврдено присуство на коронавирусот, туку од ковид-19, според податоците од СЗО, досега заболеле 6. 564.819 милиони луѓе, а починале 153.808 лица. Официјалните податоци покажуваат дека процентот на вакцинирани во Африка е многу низок и изнесува 7,3 отсто и таму досега целосно се вакцинирани околу 101...
Вистиномер: Најголемите лаги поврзани со квалитетот и ефективноста на вакцините против ковид-19
Со појавата на пандемијата на коронавирусот во јавноста испливаа голем број лаги и теории на заговор кои и ден денес се пласираат. Дезинформации почнаа да се шират и со појавата на вакцините против ковид-19, а во врска со нивниот квалитет и реакции. Ваквите дезинформации ги шират пред сè антиваксерите, но има и лекари кои пласираат секакви невистини и сомнежи...
Вистиномер: Што досега знаеме за новиот сој на коронавирусот „омикрон“?
На почетокот на декември жител на Калифорнија кој се вратил дома од Јужна Африка, беше идентификуван како првиот Американец заразен со Омикрон, а официјалните лица оттогаш ја открија варијантата во неколку држави, вклучувајќи ги Њујорк, Колорадо, Небраска, Минесота и Хаваи. Откритието на „омикрон“ предизвика значителна паника низ целиот свет, при што голем број земји ги забранија летовите од јужна...
Вистиномер: Инспекторите не се Гeстапо, ниту, пак, медиумите форсираат присилна вакцинација
Во видеото се изнесува дезинформација дека невакцинираните, ако бидат затекнати во угостителски објект од инспекторите, ќе платат високи казни до 5.000 евра. Висината на пропишаната глоба за гостинот без потврда за вакцина е 250 евра во денарска противредност. Говорникот на протестот изразува соменвање во законитоста на постапувањето на инспекторите при контрола на примената на мерките за заштита против ковид-19....
Вистиномер: Неточно е дека сите кои примиле вакцина на „Фајзер“ завршуваат со миокардитис
Постот е типична дезинформација, која има цел да ги наведе корисниците на социјалната мрежа да помислат дека секој што примил вакцина на „Фајзер“, завршува фатално, откако добил воспаление на срцевиот мускул. Што не е точно. Факт е дека неколку месеци од употребата на вакцината на „Фајзер“, во Европската агенција за лекови (ЕМА) беа пријавени мал број случаи на благи...
Вистиномер: Општина Дебар со најниска стапка на имунизација против коронавирусот
Според статистиката на Институтот за јавно здравје, во Општина Дебар има најмал опфат на вакцинација против коронавирусот, само 28.3 отсто од вкупното население е вакцинирано. Од дебарската болницата, пак, велат дека доколку се изземат печалбарите во Дебар, околу 50 отсто од населението со постојано живеалиште е имунизирано, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.
Текстот подолу го пренесуваме во целост:
Општина Дебар е...
Нови 353 случаи на ковид-19, 450 лица регистрирани како оздравени
Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 3.162 тестирања, со што се откриени 353 нови случаи на ковид-19. Најголемиот дел од нив се во Скопје - 174, а потоа следуваат: Прилеп – 42, Битола – 27, Кавадарци – 22, Куманово и Велес – по 13, Валандово – 9, Охрид – 8, Кичево, Гевгелија...
Доктор Џавид Фејзули: Порано не се дискутираше дали да се прими вакцина или не
За време на епидемијата со големи сипаници – вариола вера, во поранешна Југославија за месец и половина се вакцинираше 18, 5 милиони народ. Тогаш немаше сакаш – не сакаш, вели во интервјуто за „Вистиномер“, пензионираниот раководител на службата за општа хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје Тетово, доктор Џавид Фејзули.
„Ние имаме Закон за заштита на...
Откриени нови 88 случаи на ковид-19, 8 пациенти починале во изминативе 24 часа
Министерството за здравство соопшти дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа во земјава се направени 1.211 тестирања, а регистрирани се 82 нови случаи на ковид-19.
Новите случаи се: Скопје – 61, Кавадарци – 9, Гевгелија – 4, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Неготино и Валандово – 1.
Регистрирани сe 265 оздравени пациенти од:...
Вистиномер: Нема починати и хоспитализирани лица вакцинирани со бустер доза
Засилувач (бустер) е дополнителна доза на вакцина, дадена откако заштитата што се обезбедува со оригиналната доза ќе започна да се намалува со текот на времето. Третата доза на вакцина против ковид-19 во Северна Македонија се аплицира од 27 септември како додаток на веќе досега примени две дози вакцина. Вакцинација со трета доза се врши исклучиво со вакцина од производителот...
Вистиномер: Матичните лекари против мерката „бонус“ за вакцинирани пациенти
Наместо еднократна финансиска награда од 30 денари по вакциниран пациент, доколку постигнат опфат од 70 отсто вакцинација на своите пациенти, матичните доктори бараат покачување на капитацискиот бод. Лекарите сметаат дека капитацискиот бод треба да се зголеми од 63 на 90 денари, поради нивните заложби во ковид пандемијата, за кои, како што велат, не добиле никаква помош од државата, пишува...
Вистиномер: Министерството за здравство не дава 50 бесплатни кеси за вакцинираните
Пренесуваме текст на Вистиномер.мк за една сатирична објава, за која многу корисници на социјалните мрежи помислиле дека станува збор за вистинска вест:
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека Министерството за здравство ќе дава 50 бесплатни кеси за вакцинираните против ковид-19. Информацијата е објавена еден ден по стапувањето на сила на употребата на биоразградливи кеси во продавниците. Една...
Нови 276 случаи на ковид-19 вчера и 10 починати пациенти
Министерството за здравство соопшти дека во текот на вчерашниот ден до полноќ се направени 2.720 тестирања за ковид-19, со што се откриени 276 нови случаи на SARS CoV-2. Дури 10 смртни случаи од болеста се регистрирани вчера, од кои пет нови и пет со постар датум на смрт.
Распоредот на новите 276 случаи на ковид-19 е следниов: Скопје – 130,...
Вистиномер: Фаучи не тврдел дека маските предизвикуваат бактериска пневмонија
Д-р Ентони Фаучи и неговите колеги напишале труд во 2008 година, во којшто се утврдува дека жртвите на шпанскиот грип од 1918 година починале од бактериска пневмонија предизвикана од грип. Но, во трудот маските воопшто не се споменуваат, ниту, пак, некаде пишува дека тие се извор за бактериска пневмонија. Маските спречуваат ширење на вируси и никако не може да...
Вистиномер: Не може да се споредува ковид вакцинацијата со „вбризгување непозната супстанца“
Составот на ковид вакцината не е непознат. На официјалната веб-страница на Министерството за здравство, kovid19vakcinacija.mk. може да се прочита составот за сите вакцини против ковид-19 кои се употребуваат кај нас. Исто така, вакцинацијата во земјава не е присилна, секој пред да се вакцинира, пополнува изјава за согласност, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.
Текстот подолу го пренесуваме во целост:
Рецензираме пост објавен...
Филипче: Нема потреба од затворање граници и карантин заради Омикрон
Стабилна е епидемиолошката ситуација во земјава, минатата недела имавме 5 отсто помалку нови случаи во однос на неделата претходно. Во болниците има слободни кревети, вклучително и на Инфективната клиника, информира министерот за здравство Венко Филипче по состанокот со членовите на Комисијата за заразни болести. Тој рече дека во ситуација кога и покрај тоа што е релаксирано во болниците, сепак,...
Нови 434 случаи со ковид-19, бројката на починати надмина 7.500
Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во земјава во последните 24 часа биле направени 3.026 тестирања. Најновата бројка на жртви на овој вирус, пак, надмина 7.500.
Со тестирањата извршени во изминатово деноноќие, биле регистрирани 434 нови случаи на ковид-19: Скопје – 195, Битола – 41, Прилеп – 26, Кавадарци – 20, Куманово...
Стојанов: Коронавирусот мутира зашто луѓето не се вакцинираат
Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на ковид, наречена B.1.1.529, а која е откриена во Јужна Африка. Овој нов мутант е повод претставниците на СЗО денеска да се состанат и да разговараат околу третманот и вакцините. Јужноафриканските научници откриле 30 мутации на спајк протеинот, делот од вирусот што се врзува за клетките во телото, што може да има...