Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека според податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во земјава во последните 24 часа биле направени 3.026 тестирања. Најновата бројка на жртви на овој вирус, пак, надмина 7.500.
Со тестирањата извршени во изминатово деноноќие, биле регистрирани 434 нови случаи на ковид-19: Скопје – 195, Битола – 41, Прилеп – 26, Кавадарци – 20, Куманово – 17, Охрид и Берово – по 12, Тетово и Велес – по 11, Штип – 9, Кочани – 8, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Демир Хисар – по 7, Гевгелија – 6, Струмица, Ресен и Валандово – по 5, Радовиш и Виница – по 4, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Неготино – 2, Кичево, Дебар, Пробиштип, Богданци, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Во последните 24 часа, регистрирани се 421 оздравен пациент: Скопје – 200, Битола – 33, Куманово – 22, Делчево – 21, Кавадарци и Велес – по 19, Охрид – 14, Прилеп – 13, Штип и Кочани – по 10, Берово и Гевгелија – по 9, Пробиштип – 6, Радовиш и Неготино – по 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Виница и Кичево – по 3, Свети Николе, Демир Хисар и Ресен – по 2, Кратово, Македонска Каменица, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.
Во истиот временски период регистрирани се 12 починати лица: 4 од Скопје (46г,65г, 79г и 79г), 2 починати лица од Битола (83г и 84г) и по едно починато лице од Велес (73г), Кавадарци (72г), Кочани (67г), Делчево (70г), Крушево (69г) и Радовиш(76г). Од пријавените 10 лица се починати во болнички услови, а две лица се починати во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 15.10.2021 до 20.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (1), Гостивар (1), Велес (1), Крива Паланка (1) и Делчево (1). Починатите лица се на возраст од 50-88г, 6 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Досега во земјава се направени вкупно 1.461.757 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на откриени случаи од почетокот на епидемијата изнесува 214.213, бројот на оздравени пациенти е 198.419.
Бројката на починати е 7.511, а бројот на активни случаи изнесува 8.283.