fbpx
Таг: ковид

таг: ковид

Вистиномер: Не е точно дека вакцинираните се „магнет“ за омикрон

Споделената данска студија во постот го тврди спротивното, односно дека зголемена трансмисија на омикрон сојот има повеќе кај невакцинираните лица во однос на вакцинираните. Најдовме зголемена трансмисија кај невакцинираните лица и намалена трансмисија кај лицата кои се бустер-вакцинирани, во споредба со целосно вакцинирани лица, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Во пост на Фејсбук се изнесени...

Вистиномер: Вакцините не можат да ве разболат од ковид-19

Коронавирусот е респираторен вирус кој се пренесува преку контакт со заболено лице, односно преку неговите респираторни секрети кои се распрскуваат во вид на ситни капки кога заразениот кашла и кива, преку плунка или течење од носот. Вакцината против ковид-19 никако не може да ве зарази со коронавирус. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот ковид-19 и...

Порталб: Дезинформација е дека Босна и Херцеговина прогласи „победа“ над пандемијата

Написот во “Пулс7Њуз” ја дезинформира јавноста дека Босна и Херцеговина е првата земја што прогласи победа над пандемијата со Ковид-19, што е невистинa. Напротив, во последните денови во Босна и Херцеговина состојбата со пандемијата е доста влошена. Доктор Марио Јованоски вели дека сепак постои оптимизам дека на оваа пандемија ќе ѝ дојде крајот во тек на оваа година, но...

Вистиномер: Со руско видео се дезинформира дека ученик починал по примена Спутник вакцина

На почетокот на декември 2021 година, во училиште во московскиот регион, 17 годишен студент починал на час. За смртта има две причини кои циркулираат во руските медиуми, но ниедна не е вакцината против ковид-19. Во извештаите од руските медиуми не се ни споменува дали момчето било вакцинирано или не. Едната причина на која работат форензичарите е срцев удар, а...

Вистиномер: Имаше пренос во живо од судењето на Новак Ѓоковиќ во Австралија

Наспроти она што се тврди во постот кој го рецензираме, судењето во живо беше одржано. Поради големиот интерес на светската јавност за овој случај, австралискиот федерален суд реши да го емитува судењето во живо. Сите часови од долгото судење може да се погледнат на Јутјуб каналот на федералниот австралиски суд, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост на...

Вистиномер: Не е точно дека во вакцините има течни кристали за контрола на умот

Не е вистина оти во вакцините има течни кристали, кои се користат за контролирање на мислењето на граѓаните. Неточно е дека во Руанда, во времето на тамошниот геноцид во 1994 година, била спроведувана технологија на контрола на умот и дека Обединетите нации учествуваат во изградба на концентрациони логори. Освен тоа, небулозниот говор на лицето во видеото, според него, претставува...

Нови 1.964 случаи на ковид-19 и уште 13 смртни случаи регистрирани во последните 24 часа

Во последниве 24 часа од последиците од ковид-19 починале седум лица, а пријавени се дополнителни 6 смртни случаи од болеста од претходно, се дознава од новите статистички податоци што ги објави Министерството за здравство (МЗ) Од вчера попладне до денеска попладне, направени се 7.724 тестови, а регистрирани се 1.964 нови случаи на ковид-19, во: Скопје – 1.070, Битола – 226,...

Вистиномер: Со вакцината не ви се менува геномот и не станувате плен на „трансхуманистичка агенда“

Пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на една дезинформација што беше објавена на Фејсбук: Рецензираме пост на Фејсбук во кој е споделено видео од руски владика, кој, пак, вели дека „глобалните елити сакаат да избришат 6 милијарди луѓе“. Тој додава и дека светските лидери марширале под знамето на трансхуманизмот. Во постот кој го рецензираме се додава и дека Русија се наоѓа на...

Вистиномер: Зошто руската Спутник вакцина уште не е признаена во Австралија?

Во пресрет на тенискиот турнир Австралија Опен, стана јасно дека некои од тенисерите вакцинирани со две дози Спутник вакцина, од рускиот производител Гамалеја Истражувачки Институт, нема да може да учествуваат на турнирот, затоа што оваа вакцина Австралија не ја признава, пишува „Вистиномер“ во својата проверка. Текстот на „Вистиномер“ подолу го пренесуваме во целост: Русинката Наталија Виклијанцева на Твитер објави дека го...

Вистиномер: Киану Ривс не му дал поддршка на Ѓоковиќ, твитер профилот од каде што се споделуваат објавите не е негов

Киану Ривс, ѕвездата од познатиот филмски серијал „Матрикс“, ниту му дал поддршка на Ѓоковиќ, ниту го критикувал Надал. Твитер профилот од кој се споделени твитови со вакви содржини не е на Киану Ривс, туку станува збор за објави кои ги продуцира некој што се претставува како дублер на актерот и тоа е јасно напишано на самиот Твитер профил, пишува...

Нови 1.396 случаи на ковид, во изминативе 24 часа регистрирани уште девет смртни случаи

Министерството за здравство на Северна македонија соопшти дека во последните 24 часа во земјава биле направени 11.479 тестирања, регистрирани биле 1.396 новис лучаи на ковид-19. Од нив, најголемиот дел се од Скопје, односно 790, а ппотоа следуваат: Битола – 164, Прилеп – 80, Кавадарци – 41, Куманово – 31, Охрид и Гевгелија – 26, Гостивар – 24, Кичево – 22,...

Вистиномер: Вакцинацијата е клучна за пациентите со бубрежни заболувања

Од почетокот на пандемијата стотина пациенти со бубрежни заболувања кои се лекуваат во Специјалната болница за хемодијализа во Струга, заболеа од коронавирусот. Лекарите укажуваат дека кај овој вид хронични болни од исклучителна важност е да бидат вакцинирани против ковид-19. Тие се во категорија на тешки болни со голем број на коморбидни состојби и доколку не се вакцинирани можноста за...

Евидентирани 1.197 нови ковид-случаи, кај деветмина е детектиран омикрон

ковид тест
Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи на ковид-19. Вкупно 766 лица од новозаразените се од Скопје. Во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2. Во лабораторијата изработени се...

Вистиномер: Зошто е важна третата „бустер“ доза и дали таа ќе нè заштити од омикрон?

Без разлика дали сте здрави и сте решиле да примите бустер доза или сте некој кој е имунокомпромитиран и имате потреба од трета доза, овие дополнителни дози вакцини ќе обезбедат дополнителна поддршка на имунолошкиот систем, согласни се здравствените експерти. Без нив, луѓето може да бидат поподложни на ковид-19, што е особено загрижувачко бидејќи новите варијанти, како омикрон, широко циркулираат, пишува...

Вистиномер: Манипулација – жолтите ленти во Германија не се наци-ленти за невакцинираните

Германија е една од земјите со строги антиковид мерки, каде невакцинираните имаат изразени рестрикции и можат да влезат на малку места, како аптеки и маркети, додека на работа секојдневно приложуваат тест, кој го обезбедува работодавачот. Токму покраината Хесен, каде живее нашинецот кој ја споделил фотографијата со жолтата лента, има едни од построгите правила. На интернет страната на Министерството за...

Вистиномер: Пост на Фејсбук злоупотребува изјава на доктор Пановски

Во продолжение пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на едно тврдење пласирано преку социјалните мрежи: Пост на Фејсбук шири дезинформации дека во Македонија пристигнал новиот сој на коронавирусот, омикрон четири дена пред неговото фактичко пристигнување. Објавата споделува текст со наслов: „Лоша Вест Доцна Вечерва: „Омикрон“ Влезе Во Македонија – Ова Се Најновите Детали“, додавајќи во постот дека доктор Никола Пановски поради тоа барал...

Откриени 119 нови случаи на ковид-19, три лица починале, 257 оздравеле

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 2.324 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи ковид-19. Во истиот временски период, 257 пациенти се евидентирани како оздравени. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Скопје (71г), Струмица (82г) и Битола (49г). Од пријавените сите лица се...

Нови 226 случаи на ковид-19, бројката на починати зголемена за вкупно 15

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека последните 24 часа во земјава се направени 4.572 тестирања, а регистрирани се 266 нови случаи на ковид-19: Скопје – 120, Битола – 25, Прилеп – 22, Охрид – 20, Куманово и Кавадарци – 11, Ресен – 8, Струмица – 7, Тетово – 6, Кочани и Струга – по 5, Гевгелија и Валандово –...

Вистиномер: Паушални тврдења за појава на оток и плускавец по примена трета доза вакцина

Постот со објавена фотографија на отечена нога со плускавец, наводно, како резултат на примена трета доза од вакцината „Фајзер“ против ковид-19, е паушален и има за цел да ги изманипулира корисниците на социјалните мрежи дека споменатата вакцина е опасна. Од МАЛМЕД велат дека има пријави за сомнеж за несакани реакции кои претежно имаат лесна симптоматолгоија, но, кај нив  досега...

Даниловски: Четврта доза е оправдано да примат само највозрасните граѓани

Четврта доза е оправдано да примат само најстарите граѓани, како и оние со имунодефицитни состојби (лица кои примаат имуносупресивна терапија заради одредени здравствени проблеми) и други тешки хронични заболувања, смета епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски. За Мета.мк тој вели дека за нив ќе биде потребна не само четврта доза, туку и периодични дози на сезонска основа. „Сите други, значи, оние...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...