fbpx

Филипче: Нема потреба од затворање граници и карантин заради Омикрон

-

Стабилна е епидемиолошката ситуација во земјава, минатата недела имавме 5 отсто помалку нови случаи во однос на неделата претходно. Во болниците има слободни кревети, вклучително и на Инфективната клиника, информира министерот за здравство Венко Филипче по состанокот со членовите на Комисијата за заразни болести. Тој рече дека во ситуација кога и покрај тоа што е релаксирано во болниците, сепак, е време кога може да има нови случаи заради зголемување на ризик фактори – поладно време, повеќе престој во затворени простории, време на настинки.

– Разговаравме за новиот сој Омикрон, тоа е сега актуелна тема, гледаме дека некои земји преземаат некои форми на рестрикции, но ние сè уште остануваме вака како што сме. СЗО укажува дека е полесно пренослив, но сепак директорот на Американскиот институт за здравство смета дека и за тоа нема доволно информации. Рестрикција во однос на затворање на граници, на карантини за патници нема да даде ефект. Кога нов сој ќе се појави не може да се спречи, соеви ќе се јавуваат и понатаму, остануваме на ова. Сега сè уште е рано, допрва ќе имаме информации за новиот сој, но засега нема потреба од нови мерки – рече министерот.

Тој кажа дека утре ќе се разгледува на владина седница новиот предлог за стимулација на матичните лекари, кои треба да добијат бонус од 30 денари по пациент ако постигнат 70 отсто вакцинација на своите пациенти.

На новинарско прашање, дали на владина седница ќе се разговара за предлогот вработените во државната администрација на работа да одат со сертификат или со негативен ПЦР тест, Филипче кажа дека ќе разговараат за сите предложени мерки и дека ќе се разгледаат сите аспекти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Мал одѕив на претседателските избори во општините со мнозинство албански гласачи

Големи разлики се гледаат во одѕивот на граѓаните во некои општини на парламентарните и претседателските избори денеска. Во Изборната едница 6, но и во другите општини каде што доминира...