Нови 276 случаи на ковид-19 вчера и 10 починати пациенти

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство соопшти дека во текот на вчерашниот ден до полноќ се направени 2.720 тестирања за ковид-19, со што се откриени 276 нови случаи на SARS CoV-2. Дури 10 смртни случаи од болеста се регистрирани вчера, од кои пет нови и пет со постар датум на смрт.

Распоредот на новите 276 случаи на ковид-19 е следниов: Скопје – 130, Битола – 35, Прилеп – 17, Охрид – 14, Куманово – 13, Штип – 10, Кавадарци – 9, Струмица – 7,Крива Паланка – 6, Тетово – 5, Кочани, Свети Николе и Пробиштип – по 4, Велес и Ресен – по 3, Гевгелија, Неготино и Богданци – по 2, Гостивар, Кичево, Струга,Радовиш, Делчево и Македонски Брод – по 1.

Во текот на вчерашниот ден се регистрирани 249 оздравени пациенти, од: Скопје – 111, Битола – 35, Прилеп – 22, Кавадарци – 18, Штип – 9, Велес – 8, Куманово и Делчево – по 7, Кочани и Ресен – по 6, Берово, Виница и Кратово – по 3, Свети Николе – 2, Пробиштип, Неготино, Кичево, Радовиш, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Истовремено, регистрирани се 5починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г и 82г), по едно починато лице од Свети Николе (68г), Кратово (88г)и Демир Хисар (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 5 починати лица со датум на смрт од 21.11.2021 до 28.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (3), Прилеп (1), Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 29 до 79 години. Две лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.

Досега во земјава се направени вкупно 1.484.645 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.301, бројот на оздравени пациенти е 203.574, на починати е 7.641, а бројот на активни случаи изнесува 6.086.