fbpx

Откриени нови 88 случаи на ковид-19, 8 пациенти починале во изминативе 24 часа

-

Министерството за здравство соопшти дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа во земјава се направени 1.211 тестирања, а регистрирани се 82 нови случаи на ковид-19.

Новите случаи се: Скопје – 61, Кавадарци – 9, Гевгелија – 4, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Неготино и Валандово – 1.

Регистрирани сe 265 оздравени пациенти од: Скопје – 128, Битола – 34, Крива Паланка – 14, Прилеп – 12, Валандово и Крушево – по 9, Ресен – 7, Кавадарци и Делчево – по 6, Велес, Куманово, Тетово и Штип – по 5, Неготино, Кочани и Радовиш – по 3, Гевгелија, Струмица, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Кратово – 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56г, 80г и 86г) и по едно починато лице од Прилеп (72г), Битола (55г), Валандово (71г), Македонски Брод (66г) и Кичево (61г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Досега во земјава се направени вкупно 1.503.941 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на откриени случаи од почетокот на епидемијата изнесува 219.490, бројот на оздравени пациенти е 206.211, на починати е 7.740, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...